Таа убедливо е најсекси актерка и суперхерој во новиот The Avengers

Интервјуто со Елизабет Олсен го овозможи Cineplexx

Кога 21-годишната прекрасна русокоса девојка со познато презиме пред неколку години се појави за прв пат во медиумите, јавноста веднаш ја запомни, најпрвин по нејзиниот изглед и шарм, а потоа и по нејзиниот талент.

Доколку се уште постојат некои сомнежи дали преубавата Елизабет Олсен ќе остане во сенка од нејзините постари сестри близначки, Мери-Кејт и Ашли, по нејзината улога во најочекуваниот филм годинава, новото продолжение на Avengers, тие веќе се потопени во вода. „Да се биде дел од филм каков што е Avengers е неверојатно“, рече таа кога за прв пат дозна дека ќе биде дел од Avengers: Age of Ultron. Оваа позната активистка во светот за вегетаријанство самоуверено тогаш додаде: „Се сакам себеси и сите околу мене“.

Сега 26 годишната Елизабет важи за една од најубавите актерки на денешницата, а многумина филмски експерти ја нарекуваат иднината на Холивуд. Постарите сестри близначки во последните години се дистанцираа од филмската индустрија и решија двете да се насочат кон модата, па со тоа најмалата Олсен сега има отворен пат кон ѕвездите. „Тие се фантастични, мили, посветени, убави и работохоличарки. Уживаат во модната индустрија, а многу ми помогнаа околу Холивуд и сè околу него“. Нејзината кариера веднаш се вивна во ѕвездите бидејќи од еден блокбастер, Godzila, веднаш премина во најновиот филм на Marvel, The Avengers: Age of Ultron, каде ја игра Scarlet Witch, мутант и поќерка на негативецот од X-Man, Магнето.

Може ли да ни откриеш како беше да се влезе во Универзумот на Marvel и да се добие улога во најочекуваниот филм за 2015-та?

Прв пат кога се сретнав со режисерот Џос Видон, тој ме запозна со Скарлет Витч, карактерот за кој бев на кастинг. Искрено стрипот на Marvel, The Avengers, го немав читано па така не знаев баш многу работи освен тоа што го имав гледано во филмовите за Iron Man, Captain America, Thor… Бидејќи брат ми, Трент, кој е постар од мене е фан на стрипови, го прашав него па тој добро ме внесе во целиот тој Универзум на Marvel. Сериозно, но брат ми е најталентираниот човек во нашето семејство. Тој едноставно направи да дознам сè што е кул со Marvel и ми го испра мозокот, ме навлече. Потоа стапив директно во контакт со Marvel и тие ми дадоа „комплетна библија“ од нивните стрипови во кои го има мојот карактер. Потоа веќе беше сè како една убава бајка. Целата екипа е фантастична па не ми беше тешко да се вклопам. Тие веќе, мислам за Роберт Дауни Џуниор, Скарлет Јохансон, Марк Руфало, Крис Еванс и Самуел Л. Џексон веќе имаат работено неколку проекти заедно и беше навистина забавно да се биде во нивно друштво.

Кога веќе ги наброја актерите, може ли да ни откриеш како беше кога за прв пат дојде на сетот за новиот филм?

Кога прв пат дојдов тука беа само Арон Тејлор – Џонсон и Џереме Ренер и бевме во Италија. Потоа сите еден по еден се додаваа. Првиот ден имаше многу импровизации, а јас пак искрено не сум некој голем фан на импровизирање. Сепак, целата екипа е толку добра што веднаш некако ме опушти и направи да се чувствувам како да ги знам со години. Вака, да прашате некој од нив, сигурно ќе ви кажат дека сум била смешна, на моменти исплашена... Но, сепак тоа за мене беше едно ново искуство. Е потоа кога се собра целата екипа на куп беше уживање да се работи. Роберт Дауни Џуниор и фантастично забавен лик, но и сите останати одлично се забавуваа и работеа истовремено.

Го спомена Роберт Дауни Џуниор. Ајде малку да позборуваме за неговиот лик, Тони Старк (Iron Man)?

Мојот Карактер, Scarlet Witch всушност смета дека Тони Стар, Iron Man, е еден од најодвратните луѓе на планетата бидејќи тој e поврзан со бомбите кои го уништија нејзиниот град кога таа била мала и нејзините родители починале поради тоа. Таа растела знаејќи дека Тони Старк е најзлобниот човек на Земјата. Понатаму не сакам да ви откривам детали од приказната бидејќи не би сакала да ви дадам спојлери кои ќе ви го уништат уживањето во филмот.

Тогаш дали можете да ни кажете нешто повеќе за вашиот брат близнак во The Avenger: Age of Ultron, кој исто така за прв пат се појавува во екстра профитабилните и популарни филмови на Marvel?

Scarlet Witch и нејзиниот брат близнак Quicksilver се вагабонти. Тие се како Ромите во Источна Европа и тие прават сè за да успеат, па крадат и гледаат да се извлечат од секоја ситуација. Целата сила на мојот лик доаѓа од рацете и зглобовите, па поради тоа таа носи кожни ракавици со цел да ги зачува рацете, но и прстените кои ги има 14 на број, како и многу нараквици. Тие всушност се нејзината заштита, еден вид на оклоп. Како и да е на двајцата најомразен човек на Земјата им е Тони Старк. Што ќе се случува во филмот оставам да заклучите самите...

Дали тоа што Quicksilver го глуми Арон Тејлор – Џонсон со кој заедно игравте во Godzila беше едно олеснување?

Тоа беше навистина едно убаво чувство, бидејќи со Арон се знаеме од Годзила и буквално од тој филм дојдовме заедно во The Avengers: Age of Ultron. Иако не работевме нешто многу заедно во Godzila, сепак се дружевме приватно, поминав доста време со неговата фамилија и уживав да работиме заедно.

Кои се вашите омилени моменти од новото продолжение на The Avengers?

Toa што снимавме во Италија беше одлично. Таму за прв пат се запознав со екипата па беше и малку страшно и стресно за мене. Секој ден по два пати работев со мојот тренер за движење, а вежбав и на мојот дијалект. Физички се подготвував секојдневно за мојот карактер, па се случуваше да дојдам дома касно навечер и да излезам рано наутро. Таму некако сите се запознавме и се створи убава атмосфера. Во Италија јас ја добив самодовербата која потоа и тоа како ми беше потребна.

Која беше најсмешната сцена од снимањето?

Би ја издвоила сцената кога карактерот на Пол Бетани, Vision, започна да збори за плановите на Ultron и сите седевме во круг освен Black Widow (Скарлет Јохансон). Освен Пол (Vision), сите ние имавме некоја реченица која требаше да ја кажеме. Сепак, го заборавивме редоследот кој кога треба да започне со неговата реченица, па така стана една смешна ситуација бидејќи сите молчевме и веќе стана непријатно кој прв да започне со зборување. Сите некако почнаа да се глупираат и наеднаш пукна голема смеа. Некако во тој момент сите почувствувавме дека сме тим и дека започнуваме да се запознаваме.

Колку беше кул да се биде во кулата на Старк (Stark Tower) за време на снимањето?

Сетот на Stark Tower беше масивен и целиот со скелиња. Негативно беше тоа што сите внимававме да не се лизнеме бидејќи имаше лизгави делови, па сите внимававме да не се лизнеме. Некако тука актерите се бореа сами со себе да не завршат на подот. На крај прскавме лепак на чевлите и така се движевме по подот. Беше многу интересно за гледање и беше многу кул работа која прв пат ја видов во животот.

Што можат да очекуваат фановите од филмот?

Кога на крај сите парчиња се споија заедно и го добивме The Avengers: Age of Ultron, изгледа страшно и навистина ве носи во еден свет како вистинското зло и страв ве стигаат, особено кога на сето тоа се има додадено музиката и ефектите. Целиот свет е некако фантастичен. Има и смешни моменти во кои публиката ќе ужива, па поради тоа би кажала дека филмот е едно забавно возење со ролеркостер. На моменти се плашиш, на моменти уживаш... Сите ќе добијат она што го очекуваат од филм на Marvel, но овој ќе откријам дека е најстрашен. Неговата срж е поинаква од останатите!

Ајде малку да позборуваме за приватниот живот. Како беше да се живее во сенка на твоите постари преубави сестри, Мери-Кејт и Ашли?

Искрено не ја почувствував сенката од нив. Двете се прекрасни сестри, жени и се навистина успешни во тоа што го прават. Некако не сакав да бидам во центарот на вниманието од јавноста па поради тоа и не бев дел од оној живот во Лос Анџелес. Помирното детство беше тоа што можеби некој ќе каже дека било сенката од моите сестри. Напротив, јас уживав тоа што тогаш не бев постојано во списанијата и можев слободно да уживам во детството.

Дали имаше поомилена сестра?

- Хахаха не смеам ова да го одговорам, ниту пак можам. Двете ги сакам подеднакво и тие исто така ме сакаат мене исто. Ако некогаш некоја ме изнервира повеќе тогаш во ред, знам тоа да го покажам, но на крај ние сме едно големо среќно семејство.

Сега, откако тие малку се дистанцираа од филмовите, дали ги прашуваш за некој моден совет, бидејќи и Ешли и Мери-Кејт влегоа во модниот бизнис?

- Би било чудно и смешно да ги прашувам бидејќи не живеам со нив и тие мене не ме облекуваат. Сега, јас сум возрасна жена! Хахах се шегувам малку. Секако дека знам да им се јавам, да им пратам некоја комбинација па потоа заедно ја коментираме. Тоа е нормална сестринска работа, нели?

Некаде прочитав дека ти си и муза на Ешли, бидејќи таа имаше една линија наречена Елизабет?

- Боже не. Јас само пробувам и гледам што тие прават и гледам нешто да преземам и ископирам, како што прави и остатокот од светот. Таа е многу повеќе навлезена во модата од мене, секогаш и било така.

Б.Б



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...