М-р Мр (Магистер Мрчало)

Утринско „силување“

Рано наутро, уште недоволно расонети се облекувате и најчесто со намрштено лице тргнувате кон работното место. И како по некое непишано правило, сите сограѓани одлучиле во исто време да излезат од дома, да ги запалат своите автомобили и да се довлечат до работното место. Заглавени во сообраќајниот метеж, вашите нецелосно отворени очи се ококоруваат, а сонливоста ви преминува во нервоза. Прва опција за да се изрелаксирате ви е радиото, но наместо некој да ве смири, да ви даде корисни информации како да го избегнете метежот и од каде да возите, добивате аудио силување: ДОБРО УТРО! АЈДЕ ДОСТА МРЧИТЕ ДЕКА ВИ СЕ СПИЕ. ДЕНЕСКА НЕ Е ДЕН ЗА БИДЕТЕ ДЕПРЕСИВНИ И МЕЛАНХОЛИЧНИ! АЈДЕ БИДЕТЕ СРЕЌНИ, ВЕСЕЛИ И НАСМЕАНИ. Ако не ви е до смеење и не сакате да влезете во „позитивен филм“, тогаш решавате да ја смените радио станицата. За жал, сè што можете да најдете на приватните радио станици се „водители“ кои некој ги клонирал и ги поставил на различни фреквенции. Сите копии се програмирани да ги изговараат речиси идентичните реченици, а разликата е во „клонската грешка“ поради која некои од нив наместо радиофоничен глас, имаат рапави или пискави звуци, и се без никаква дикција.

Информацијата во денешно време е најмоќното оружје - оној кој ја поседува може најбрзо да делува. Во време на современи технологии, пренесувањето на информациите се одвива неверојатно брзо. Ако се обидеме да направиме аналогија во контекст на познатата песна на The Buggles, „Video Killed The Radio Star“,телевизијата го уби радиото, радиото ги уби весниците, а интернетот ги убива сите заедно.

Имајќи предвид дека не сме октоподи за да можеме истовремено да возиме и сурфаме од мобилните телефони, радиото е единствениот избор. Тоа и не е така лошо ако се има предвид дека е вториот најбрз медиум за пренесување информации. За жал, македонските приватни радија, без разлика дали имаат локална или национална фреквенција се копија еден на друг. „Ред музика, ред читање информации од македонските интернет портали, чат-пат коментирање за некој Facebook статус и делење карти за кино, театар и слично“. За жал, информативниот дел на нашите радио станици веќе не постои. Радијата кои себе си се нарекуваат градски радија, имаат сè само не информации кои им се важни за граѓаните.

Минатата година, кога се запали сè уште недовршениот театар во Скопје, ниту едно од скопските радија немаше информација за несреќата. Доколку се наоѓавте во вашиот автомобил и вртевте по радио станиците, ќе добиевте информации како Бритни Спирс сакала сексуално да го злоставува телохранителот; како да се справите со мамурлакот после бурната ноќ, но не и за опожарениот кров. Доколку пожарот се случуваше во Холивуд, информацијата веројатно веднаш ќе беше пласирана како „breaking news“.

Ако своевремено сме пуштале радио за да се релаксираме, денеска тоа речиси е невозможно. Песните, кои речиси секој ден во исто време се емитуваат, непотребно се прекинувани со долги и празни муабети.

Овој пат нема да солам памет како тоа се прави на Запад. Доволно е само на интернет да го пуштите хрватското радио Антена Загреб и да чуете како би требало да изгледа едно градско радио. Водителите не ве напнуваат, се обидуваат да ве релаксираат и информираат. Покрај сервисните информации, вестите од земјата, светот, шоубизнисот и слично, радиото веднаш дава информации од сите случувања во градот, благодарение на многубројните „новинари“ – слушателите. Граѓаните преку бесплатните телефонски броеви веднаш јавуваат за сообраќајни несреќи, метежи, полициски радарски контроли и слично. Можеби нашите приватни радио станици ќе почнат да се менуваат и да еволуираат, пред самите да се самоуништат.

Димитар Тануров



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Што им прави Кина на земјите што го признаваат Тајван?
- Џипсо ги прави.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
64. - Во Рим избувна голем пожар во кој стариот...
1374. - Во Арква, во близината на Падова, умре...
1536.- Со одлука на Парламентот во Англија е...
1610.- Умре италијанскиот сликар Микеланџело...