М-р Мр (Магистер Мрчало)

Македонче... удри бригу на весеље

Пикник, скара, салата, ракија/пиво – ова веројатно се првите работи кои на нас МАКЕДОНЦИТЕ ќе ни паднат на памет кога ќе се спомене 1-ви мај - Меѓународниот ден на трудот, со кој се оддава почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго, а со кој се барало воведување осумчасовен работен ден. Ваквиот опис на овој важен ден веројатно е поради фактот што 126 години после крвавото задушување на демонстрациите, работничките права конечно во целост се почитуваат, работникот добива хуман и човечен третман на своето работно место, а синдикатот одлично си ја врши работата?!. Сигурно тоа е причината поради која наместо на улица со транспаренти да се обележува денот, тоа се прави со чашка ракија и скара. Ако реалноста е ваква, розова и бајковита, тогаш како да се разбудиме од мрачните соништа?

Синдикалните движења ширум светот, годинава традиционално го обележаа 1-ви мај со протести, но македонските синдикати решија да тргнат во поинаков правец. Тие одлучија да се затворат на конференција, на која се фалеа за своите успеси и дебатираа за последниот нерешен проблем на работниците – мобингот. Синдикалистите се пофалија дека во последните две години конечно успеале меѓусебно да ги закопаат секирите и да воспостават блиска соработка меѓу ССМ, КСС, УНАСМ и другите синдикални организации, да издејствуваат донесување на Закон за минимална плата, учество во работата и одлуките на Регулаторната комисија за енергетика. Вака ставено на хартија делува идеално, но во „мрачниот сон“ реалноста изгледа поинаку.

Законот за минимална плата, предвидува дека работодавачот е должен да му ја исплати на работникот минимална плата (нето 8050 денари) за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок. Вака гледано делува совршено, но во речиси сите работни договори во описот на работното место стои и ставката „и се што ќе наложи претпоставениот“. Ова ја отвора можноста за постојано зголемување на нормираниот учинок, што пак му овозможува на работодавачот да не ја исплати минималната плата поради не исполнување на работната норма. Во Законот за работни односи стои дека работникот може да биде пријавен на неопределено или определено време, но не и со договор на дело. За жал, се уште има случаи на вработување со договор на дело, а многу често и во државни институции, кои би требале најмногу да го почитуваат законот. Според последните измени, после пет години работење во една компанија, или после една година непрекинато работење на едно работно место, работодавачот треба да го вработи работникот на неопределено време. Законските дупки им овозможуваат на приватните фирми и после пет години да не ги пријавуваат своите работници на неопределено време. Имајќи предвид дека државните институции не го почитуваат законот и ги користат сите правни лекови и недоречености, тогаш зошто истото не би го правеле и приватните фирми. Синдикатот, кој би требало да биде главен заштитник на правата на работниците, веројатно замижува и пред овие законски дупки.

Во последните 12 месеци Владата ја намали временската рамка за исплата на надомест за лицата кои се прогласени како технолошки вишок. Синдикатот молчешкум ги прими овие измени. Најчеста мета на отпуштањата се лицата во своите 50-ти години од животот, кои имаат помалку од 10 години до пензионирање. Шансите овие лица да најдат нова работа се речиси непостоечки. Имајќи го ова предвид, синдикатот со своето нереагирање придонесе формирање на нова група на загрозени лица – непожелни работоспособни лица без финансиска и егзистенцијална иднина.

Пред 126 години работниците се бореле за осумчасовно работно време. Тоа е влезено и во законот за работни односи, каде стои дека секое дополнително задржување на работа мора да биде посебно регулирано и платено. За жал, малку се фирмите каде тоа се почитува и каде се плаќа за прекувремената работа. Македонија се чини дека дури сега почнува да го живее раниот капитализам.

Веројатно најсмешен успех на синдикатот е учеството во Регулаторната комисија за енергетика, особено затоа што во изминатиот период имавме драстично зголемување на цените на струјата, парното, бензинот...

Македонскиот синдикат, речиси од самото осамостојување на државава како да заборави дека има голема улога во креирањето на социјалната политика на земјава и оти неговата функција е да ги штити работниците и нивните права, а не да шурува и да поддржува една или друга политичка партија, без разлика дали е власт или опозиција. Ваквата состојба во македонското синдикално движење, не му дава никаква надеж на обичниот работник. Па не е ни чудно што 1-ви мај го славиме со излети и скари – „удри бригу на весеље“.

Народните поговорки и фрази се огледало на еден народ и неговата борбеност, но што ли кажуваат фразите „Македонче... Наведната глава сабја не сече“ за нас и фактот што низ целата историја имаме војвода, комита и кодош (македонското свето тројство)?

Димитар Тануров



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...