Познатите ѕвезди постојано ни крадат воздишки кога ќе ги здогледаме на насловните страници и едиторијалите на магазините. Ваквиот нивен изглед, многупати ги фрла во депресија обичните девојки кои постојано водат војна со целулитот и вишокот килограми. Сепак, да не е магичниот Photoshop и ѕвездите би биле сосема обични, дури и многу полоши од девојките на улиците.