„Циркус“ со X-Factor: „Исплуканиот“ водител се заблагодарува

Појавувањето на Славко Калежиќ на бината на X-Factor во улога на водител никого не го остави рамнодушен. Едни го фалат, други го „плукаат“, а медиумите пишуваат дека во следниот пренос ќе го замени Влада Станојевиќ.

- Многумина не изненади неговото појавување како водител во првата  емисија во живo. Славко најпрвин беше натпреварувач, а откако Жељко Јоксимовиќ го исфрли од понатамошното натпреварување, Калежиќ стана водител, пишуваат српските медиуми.

Гледачите по завршувањето на шоуто беа поделени, на некои неговиот однос и изговорот „т.е. читањето од идиот машината“ им беше премногу нападно и вештачко, додека други го коментираа неговиот изглед. Поранешната портпаролка на Pink, телевизијата каде се емитува шоуто, Тијана Војтеховски дури на Twitter напиша дека „Славко изгледа како да носи маска од TLZP“.

Потоа, два дена по емитувањето на X-Factor одредени дневни весници објавија дека на негово место ќе дојде Влада Станојевиќ, кој дури и изјави дека е „пресреќен што ќе биде дел од оваа приказна“. За сево ова Славко преку Mondo се огласи на јавноста и се нарече „Единствен“ водител на X-Factor:

- Мислам дека целата помпа се крена бидејќи едноставно бев на висината на задачата. Утрово добив официјална потврда од продукцијата дека јас сум единствен водител на X-Factor, така да само можам да демантирам тоа што го изјави Станојевиќ, вели Славко.

За впечатоците по водителското деби овој вторник, Калежиќ вели дека искрено е пресреќен.

- Се смеам без престан, ете колку сум среќен. По првата емисија која ја водев се чувствувам неверојатно, едноставно не се опишува, јас сум и понатаму на сцената. Замислете како е да се расте со емисиите од италијанските телевизии, а потоа да се стане дел од една таква светска приказна, на такво ниво. Искрено сум пресреќен како сè помина, изјавува тој.

На воодушевениот водител не му сметаат негативните коментари.

- Не стигнав да ги прочитам коментарите, само луѓето ми праќаа кој што пишува. Јас сум веќе шест години во работата и мене тоа не ми е ништо ново, во смисла дека се шокирам или слично. Јас само можам да се заблагодарам, бидејќи правилото е – кога плукаат, тогаш си успешен. Јас искрено на сите сакам да им се заблагодарам и за негативните коментари, додава Славко.

Калежиќ сигурно повторно ќе го гледаме на бината на X-Factor веќе следната недела кога и ќе настапат нашите натпреварувачи, Даниел и Фифи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој склеротичен старец седел на клупа во парк и плачел кога покрај него поминал некој друг човек и го прашал зошто плаче.
Старецот му рекол : имам 27-годишна жена што ме чека...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
356 г.п.н.е.- Во Пела е роден Александар...
1908.- Младотурците ја презедоа власта во Битола...
1933.- Американскиот авијатичар Вили Пост го...
1944.- Создадена е првата народна власт во...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби