Даниел има светски третман од Жељко: Живее сам во платен хотел!

Нашиот натпреварувач Даниел Кајмаковски, како и Харис Чато, Алекса Перовиќ и Лукијан Ивановиќ повеќе не живеат во хостел заедно со останатите учесници од финалето на „X-Factor“. Како што пренесуваат српските медиуми, нивните ментори во ова натпреварување Жељко Јоксимовиќ и Емина Јаховиќ одлучија да ги изолираат своите натпреварувачи од останатите кандидати.

Жељко нашиот Даниел го пресели во хотел, а во текот на минатата недела Емина за своите штитеници изнајмила цел кат од една луксузна куќа на Дедиње.

- Емина одлучи Алекса, Харис и Лукијан да добијат сместување какво што имаат многу светски ѕвезди. Таа им изнајми една вила во која тие ќе можат да имаат мир и можност квалитетно да се подготват за настап, вели извор близок до популарната пејачка за српски Kurir и додава дека таа за своите натпреварувачи се однесува како мајка. Емина неколку пати на денот се слуша со нив по телефон, а на секого му купува и подароци.

Тројцата најмлади учесници во ова шоу веќе неколку дена уживаат во куќата, а Лукијан вчера таму го прослави и својот 21-ви роденден.

Инаку, и Даниел не живее со останатите натпреварувачи од „X-Factor“. По испаѓањето на Младен Луќиќ, неговиот ментор Жељко Јоксимивиќ одлучи да го префрли во хотел со цел на мира да се подготвува за настапот. Тој ја презеде целата грижа за нашиот натпреварувач, па така го плаќа и сместувањето.

Финалистите православна нова година ќе ја дочекаат вечерва во Нови Сад, и тоа со пејачите Жељко Јоксимовиќ, Наташа Беквалац, Јелена Томашевиќ и Никола Роквиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби