Триесет и петтиот по ред албум на големата музичка легенда ќе излезе на 10-ти септември.
Ден подоцна од излегувањето на албумот за британскиот пазар, истиот ќе биде достапен и за американскиот пазар.

Албумот содржи 10 песни, комплетно напишани од Dylan. Излегувањето на „Tempest“, ќе се поклопи со 50-годишнината од неговата музичка кариера. Неговиот деби албум излезе во 1962-та година.
Bob Dylan моментално е на европска турнеја, а овој викенд ќе биде главна ѕвезда на фестивалот Benicassim во Шпанија. Турнејата ќе ја заокружи во 2013 година, со настапи во Велика Британија.
Еве некои од темите кои ќе се најдат на новиот албум на Dylan: 'Duquesne Whistle', 'Soon After Midnight', 'Narrow Way', 'Long and Wasted Years'.