Бонд каков што го сакавме, конечно го добивме

Наслов:
Skyfall

Режија:
Сем Мендез

Сценарио:

Нил Пурвис, Роберт Вејд, Џон Логан

Улоги:
Даниел Крејг, Хавиер Бардем, Џуди Денч, Наоми Харис, Рејф Фајнс

Жанр:
акција

Времетраење:
143 минути

Поминаа точно 50 години од Dr. No првиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд. Половина век, шест актери како агентот 007 и вкупно 23 филма во кој тој верно и служи на нејзиното височество. Оваа година го дочекавме последниот филм наречен Skyfall и можеби најдобриот кој до сега е снимен од овој серијал.

Уште на почетокот го гледаме Бонд (Даниел Крејг) во Турција како се обидува да го врати украдениот хард драјв полн со доверливи информации од MI6. Тој ќе биде застрелан и на одреден период, „пензиониран“ од активната служба. Кога ќе се врати во Лондон, со помош на новиот Квотермастер или Q (Бен Вишау) ќе се обиде да дознае кој стои зад кражбата на хард драјвот, но ќе се покаже дека кражбата е само еден мал дел од планот на Силва (Хавиер Бардем) сајбер терористот и главниот негативец. Главната мета овој пат не е Бонд.

Skyfall е поинтимен филм за Бонд. Не во сексуален контекст кон Бонд девојката Северин (Беренис Малор), туку кон жената со која дели многу подлабока врска на приватен и професионален план. М (Џуди Денч). Пријатно е да се види и таа страна на Бонд, а бидејќи ова и е последен филм на Денч во оваа улога, конечно и е дадено вниманието кое го заслужува. Тука М има поголема минутажа, повеќе хумор и одличен дијалог со Бонд кој егзистира на две различни нивоа. Строга шефица и мајка која тој никогаш ја немал. Бонд сега благодарение на одличното сценарио е посериозен, а одличната глума од Даниел Крејг може да се стави на исто ниво со таа во The Mother eден од најдобрите во кариерата на актерот. Квалитетот во глумата на Крејг може да се препише и на режисерот (Сем Мендез). Дел ќе ја отфрлат таа претпоставка, но има нешто и до режисерот и неговите инструкции. Ако се потсетиме, Џејмс Камерон го направи Лео ди Каприо ѕвезда, но Скорсезе го направи актер. Бонд во Skyfall е на моменти физички поразен, но никогаш не престанува да верува во MI6. А крајните сцени на Skyfall имотот во Шкотска се вистински тестамент за еволуцијата на врската меѓу М и 007. Сега конечно гледаме дека М не е само личност која е должен да ја заштити. Тој вистински ја сака и почитува таа жена.

Во Skyfall се направени неколку добри и лоши промени. Од добрите може да се истакнат враќањето на ликовите Q и Miss Moneypenny кои беа отсутни веќе подолг период, а одличен избор се актерите во нивните улоги Бен Вишоу и Наоми Харис. Помлади од нивните претходници (Џон Клиз и Саманта Бонд) но одлично инкорпорирани во приказната. Солидна е и замената на М, поточно актерот Рejф Фајнс како новиот шеф на MI6, но разочарува Бонд девојката Беренис Малор. Неталентирана и речиси незабележителна, Северин лесно се заборава.

Но, затоа пак Хавиер Бардем е одличен како Силва, безмилосниот хакер и сајбер- терорист. За прв пат после долго време од Бонд негативец не гледаме човек кој ќе сака да го „уништи светот“ или пак кој има финансиски мотиви зад злоделата. Неговата мета е М, а мотивот е „лична одмазда“. Бардем е навистина харизматичен негативец кој уште во првото претставување на публиката прикажува суптилна хомосексуална привлечност кон Бонд, што е навистина невообичаено за овој серијал. Шпанецот е маестрален во речиси секоја сцена. И тука доаѓа најголемата умешност која режисерот и сценаристите успеале да ни ја дадат. Силва се појавува по дури 1 час и 10 минути од дејствието на филмот. Тој еден час е одлично исполнет со солидни акциони сцени, саркастичен и интелегентен дијалог и неизвесност па отсуството на главниот негативец речиси и да не го забележуваме. Како мала посвета за јубилејот 50 години од првиот Бонд филм може да се сметаат последните 40-ина минути од филмот, кои се снимени во Шкотска, родната земја на Шон Конери (првиот Џејмс Бонд) и земјата чии корени има во самиот Бонд лик . Sklyfall е можеби најдобриот филм од серијалот Џејмс Бонд кој е снимен со декади наназад. Не смее да се пропушти.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...