Екстремното преживување на Пи

Наслов:
Life Of Pi

Режија:
Анг Ли

Сценарио: Дејвид Меги

Улоги:
Ифран Кан, Сураџ Шарма, Рејф Спал...

Жанр:
драма

Времетраење: 120 мин.

Година на издавање:
2012-та




Претседателот Барак Обама пред две години му напишал писмо на Јан Мартел, писателот на книгата Life Of Pi, во кое го дал своето мислење за бестселерот. – „Тоа е прекрасна книга. Елегантен доказ за Господ и моќта на раскажувањето приказни“, напишал тој. Сега во 2012-та година Анг Ли е раскажувачот, а ремек делото е филмската адаптација на истоимената книга од 2001-ва година.

Писин Пател (Ифран Кан) уште од самиот почеток го гледаме како ја раскажува својата неверојатна животна историја на писателот (Рејф Спал). Како младич Пи (Сураш Шарма) има повеќе интереси. Практицира три религии (Хиндуизам, Ислам и Христијанство), и е фасциниран од тигарот Ричард Паркер во зоолошката градина. Поради финансиските проблеми, семејството на Пи ќе биде принудено да емигрира од Индија во Канада, но патот до таму ќе биде предизвикувачки. По страшниот бродолом и смртта на семејството, Пи ќе помине 227 дена во (и околу) спасувачкиот чамец заедно со тигарот Ричард Паркер.

Life Of Pi е прекрасен филм. Еден од најдобрите и визуелно совршените филмови на годината. Од технички аспект, филмот е беспрекорен. Навидум едноставен, бидејќи повеќе од половина од дејствието е снимано во филмско студио, ова е всушност технички најкомплексниот филм на Ли. Во сцените додека Пи е сред Пацификот, фасцинираат 3Д ефектите кои му даваат дури надреално, бајковидно чувство на гледачот. За истакнување е сцената со светлечките медузи длабоко во ноќта. Таа е најблиското нешто што може да се нарече „поезија“ во овој жанр, но секој може да пронајде повеќе фасцинантни сцени низ филмот. Ли со талентот успева да маневрира со камерата на ограничен простор и од неа да добие одлични кадри од малкуте локации на чамецот. Тој буди емпатија, тензија кај гледачот и во монотоната сценографија. Изненадувачки камерата на моменти како да станува посебен лик кој не го гледаме, додека пак во најголем дел е „медиум“ помеѓу двата кои ги гледаме.

Во првата третина од филмот, сценариото е фокусирано на претставување на главниот лик, преку нарација од возрасниот Пи (Ифран Кан) а понатаму се вклучува и 16-годишниот Пи (Сураџ Шарма). Ја дознаваме историјата зад неговото необично име, односот со семејството, пронаоѓањето на љубовта, и истражувањето на религиите. Во втората третина неговата верба во Господ е ставена на тест, но до самиот крај сфаќаме дека тестот е наменет за вербата во самиот себе си. Филмот станува тежок испит за истрајноста, за борбата на мозокот со психата, логиката со духот и на крај триумфот на човекот врз дивото животно.

Во еден момент, таткото му вели на Пи. –„Тигарот не ти е пријател“. Двајцата ќе успеат да кохабитираат заедно 227 дена, но во епохалната сцената кога тигарот ќе го напушти Пи, тој конечно ќе ги разбере зборовите на татко си. Се’ ќе стане кристално јасно за Пи. Често во филмот гледаме како како разговара со тигарот како да е човечко суштество (со име и презиме), но тој на крајот ќе сфати дека „пријателот“ е само крволочен предатор без емоции, кој само бил скротен од интелектуално супериорен цицач. Ништо повеќе. Ова е солидно филмско деби на младиот Сураџ Шарма во улогата на 16-годишниот Пи кое помалку потсетува на тоа од Дев Пател. Иако ѕвездата на Slum Dog Milionaire е англиски актер со потекло од Индија, двајцата актери беа катапултирани меѓу ѕвездите во деби- филмовите. Шарма на ликот му дава цврстина па дури и хумор во најдепресивните и безизлезните моменти, а солиден е и Ифран Кан како возрасниот Пи.

Анг Ли слободно може да се надева на нова номинација за Оскар, (а и можна победа), додека пак неговото последно дело, е најсериозниот кандидат за наградата за Најдобар филм. Прекрасно парче филмска уметност кое не смее да се пропушти.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
- Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...