Последниот крик на технологијата во функција на Евровизија

Во операта во Малме, синоќа официјално беше отворен годинашниот избор за Песна на Евровизија. Сите учесници и делегации беа претставени и дочекани од официјални претставници на Градот Малме, областа Скане, Шведската радио-телевизија и Европската радиодифузна унија. Во саботата пак, домаќинот Шведска и петте директни финалисти, Франција, Германија, Шпанија, Обединетото Кралство и Италија ја имаа првата проба. До настапот во полуфиналето, земјите учесници веќе имаа по две техничко-сценски проби. Следуваат уште по две проби со гардероба, генерална проба (кога националните жирија ќе ги доделат своите поени) и настап во полуфиналната вечер. Земјите кои ќе се квалификуваат во финалната вечер ќе имаат уште по две проби, генерална проба (кога националните жирија ќе ги доделат своите поени) и настап во финалето.

Домаќин на годинашното шоу ќе биде шведската водителка Петра Меде. 58-иот избор за Песна на Евровизија ќе се одржи во Малме Арената. Според првиот впечаток, на сцената доминира светлото, а во позадина се визуелните ефекти. Во функција се 210 звучника, 800 компјутерски контролирани рефлектори, 200 тони сијалици и расвлетни уреди кои се закачени на плафонот, 40 километри долг напоен кабел, 24 километри долг сигнален кабел, 28 „Barco” HDQ-2K40 проектори кои ќе создава визуелни илузии и холограми и 50 метри долга искривена површина во позадина како подлога за проекторите. Годинава, организаторите ја избегнаа LED технологијата и гледањето пиксели кои масовно се користеа изминатите години на Евровизија. Наместо тоа, воведени се HDQ проектори кои овозможуваат значително подобра и пореална слика во позадина со бројни интересни визуелизации и создавање холограми.

Дизајнери на главната евровизиска сцена се Виктор Братстрем и Фрида Арвидсон. Сцената има кружен облик, а во основата има писта која води до споредните бини на другиот крај на арената кои исто така имаат кружен облик. Бината и пистата заземаат голем дел од партерот, за да се овозможи голем дел од публиката да биде поблиску до изведувачите со што би се создала интимна атмосфера во која музиката ќе биде во центарот на внимание. Сценографијата е статична и има форма на пеперутка што е во склад со логото кое симболизира слобода, промена и убавина. Годинашното мото на изборот е „We are one”(Ние сме едно).

Инаку, Малме Арената е отворена пред пет години и се наоѓа во јужниот дел на Малме. Најголема нејзина вредност е пристапноста и близината до железничка линија, автопат и до аеродромите во Малме и Копенхаген. Таа е повеќенаменска дворана која главно се користи за натпревари на домашниот хокеарски тим Malmö Redhawks, како и за одржување на една од полуфиналните вечери на шведскиот национален избор за Песна на Евровизија. Во текот на трите фестивалски вечери таа ќе има капацитет за 12.000 гледачи, иако капацитетот и е 16.000. Досега, во неа свои концерти одржале: Лејди Гага, Том Џонс, Бритни Спирс, Боб Дилан, Рамштајн и други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби