Вечерва почнува изборот за песна на Евровизија

Со настапот на Австрија, вечерва во 21 часот во Малме Арената ќе почне натпреварувачкиот дел на 58-иот избор за Песна на Евровизија. Шеста година по ред, најстарата музика манифестација во светот ќе содржи две полуфинални и една финална вечер. Во првата полуфинална вечер ќе се натпреваруваат 16 земји, а првопласираните десет ќе се пласираат во саботното финале каде ќе ги чекаат домаќинот Шведска, Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија и Германија. Според темпото, постои баланс помеѓу брзите и бавните песни. По Австрија, следат настапите на: Естонија, Словенија, Хрватска, Данска, Русија, Украина, Холандија, Црна Гора, Литванија, Белорусија. Молдавија, Ирска, Кипар, Белгија и Србија. Уште еднаш потенцираме дека според квалитетот на песните, првата е на многу пониско ниво во однос на втората полуфинлана вечер. Таму борбата за пласман во финалната вечер ќе биде потешка со оглед на фактот дека ќе настапат 17 земји. Сепак, според она што беше прикажано на пробите, сценскиот впечаток и интерпретацијата, десетте земји кои би требало да се најдат во финалето од првата полуфинална вечер се: Данска (иако има хитовска песна, Емели Де Форест изгледа и звучи многу бледо и неуверливо), Хрватска(браво за оригиналноста), Русија(издржана балада), Украина(оригинално и пријатно за око), Холандија (мистично и допадливо), Молдавија (проверена балада, иако како стил веќе слушната), Србија (само заради младоста и ритамот). Последните три финалисти кои само заради бројка би ги пополниле местата би требало да бидат: Словенија, Естонија, Австрија.

Годинашниов избор за Песна на Евровизија носи две големи новини. Првата се однесува на одредувањето на настап на секоја земја во полуфиналните и во финалната вечер. Најпрво, според ждрепка, беше одредена позицијата за настап на секоја земја, во првиот или вториот дел на вечерта. Потоа, во зависност од стилот и динамиката на песната и регионот во кој се наоѓа земјата, продуцентите ги одредуваа позициите за настап. Со тоа, се добива динамичност и разноликост за публиката и гледачите и се избегнува соседското пристрасно гласање.

Втората новина се однесува на начинот на гласање. Годинава, победникот ќе биде одреден со комбинација на гласовите од телевоутинг и стручно жири во сооднос 50-50%. Секое национално жири ќе биде составено од пет члена и за прв пат во историјата на Евровизија, секој член на жирито мора да ги рангира сите песни, на пример од 1 до 16 место во првата полуфинална вечер, од 1-17 место во втората полуфинална вечер и од 1-26 место во финалната вечер. Доколку две земји треба да добијат ист број бодови од некоја земја која ќе гласа, поголемиот број поени ќе го добие земјата која имала повеќе бодови од телевоутингот.

Синоќа во 21 часот се одржа генерална проба која беше пренесувана само на националните жирија кои ќе гласаат во првата полуфинална вечер, вклучително и во Франција, Обединетот Кралство и Германија.

Погледнете го краткиот преглед од генералната проба на учесниците во првата полуфинална вечер.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби