Македонија во финале на Евровизија, да или не?

Вечерва во 21 часот во Малме Арената на програмата е втората полуфинална вечер на 58-от избор за Песна на Евровизија. Како што претходно информиравме, ќе настапат 17 земји од кои десет ќе обезбедат пласман во финалната вечер. Ако првата полуфинална вечер беше „плитка’ во однос на квалитетот, втората е далеку подобра со многу остра конкуренција и уште поголема неизвесност. За нас, најзначаен е фактот што Есма и Влатко за Македонија ќе настапат со песната „If I could change the world” под реден број три. Пред нас настапуваат Летонија и Сан Марино, а по нас следуваат: Азербејџан, Финска, Малта, Бугарија, Исланд, Грција, Израел, Ерменија, Унгарија, Норвешка, Албанија, Грузија, Швајцарија и Романија. По двете проби со гардероба и генералната проба синоќа на која националните жирија веќе ги дадоа своите поени ќе следува телефонско гласање по преслушување на сите песни. Потоа, ќе се сублимираат гласовите во сооднос 50-50%. Годинава, новина претставува фактот што секој од петочленото национално жири мора да гласа за секоја песна, т.е. песните да ги рангира од прво до седумнаесетто место. На тие гласови ќе се додадат телефонските јавувања и секоја земја ќе ги подели стандардните поени, од 1-8 и потоа 10 и 12.

Според покажаното на сцената во текот на пробите и според квалитетот, во финалната вечер би требало да се пласираат: Сан Марино, Финска, Малта, Исланд, Грција, Израел, Унгарија, Грузија, Норвешка и евентуално Македонија или Швајцарија. Пласманот за нас е неизвесен со оглед на песната која е многу нешта во едно или со други зборови неблагодарно е да се каже како националните жирија ќе ја оценат. Од телевоутингот очекуваме гласови со оглед на фактот што Есма како најстар учесник годинава за првпат во историјата на Евровизија ќе пее на ромски јазик. Воедно, таа е светски познато и признато име. Според информациите од Малме, нашите претставници се чувствуваат одлично и се полни со инспирација на мистичен начин да ја отпеат песната. ИДИВИДИ стега палци за Македонија и посакуваме Есма и Влатко во сабота по вторпат да ги видиме на сцената во Малме Арената.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби