Гардиан: Разоткривање на петте најпознати евровизиски митови

Еден од редовните блогери - колумнисти на британскиот Гардиан Џон Лукас објави интересна приказна, каде на читателите во Англија им ги разоткрива петте најраширени митови за Евровизискиот натпревар. Во Англија, како што вели, е тешко да се биде евровизиски фан делумно и поради митовите кои го следат популарното телевизиско натпреварување.

Мит бр. 1: Источна Европа го „киднапираше“ натпреварувањето

Најчест аргумент против регуларноста на Евровизијата е дека тука не станува толку збор за песните, туку за тоа која земја,  најчесто од источна Европа, има најголем број пријателски соседи.

Вистина: Дури и кус поглед на историјата на победниците покажува фатална грешка за овој аргумент. Во последната деценија победниците биле од Шведска, Азербејџан, Германија, Норвешка, Русија, Србија, Финска, Грција, Украина и Турција - прилично рамномерна покриеност на Европа кога се ќе се земе предвид.

Мит бр. 2: Сите гласаат за соседите

И така е и не е така. Вистина е дека Грција рутински најмногу бодови дава на Кипар, а Босна на Хрватска, но тоа нема многу врска со неразумната лојалност туку со сличното културно миље.

Вистина: Големата ѕвезда во Шведска, веројатно е ѕвезда и во Норвешка, а популарните мелодии од Литванија сигурно се слушаат и на летонските радио-станици. Простата пресметка кажува дека меѓу 40-те земји кои гласаат, ниедна нема доволно соседи да триумфираат само врз основа на локацијата. Да е така една од тие земји би победувала секоја година. На крајот на денот секогаш триумфира песната која ќе им се допадне на најголемиот број гледачи.

Мит бр. 3: Се е во сценскиот настап

Добрата сценографија, костимографија или кореографија може да помогне во претставувањето на песната и таа повеќе да се запомни, но ако самата мелодија не се истакне, најчесто нема далеку да стигне.



Вистина: Потсетете се дека минатата година кога руските „бабушки“ за кои толку многу се зборуваше, изгубија од Швеѓанката Лорин чиј „трик“ се состоеше во тоа  таа сама да стои на сцената и одлично да пее добра, модерна, поп песна.

Мит бр. 4. Сите ја мразат Велика Британија

Блогерот Џон П.Лукас пишува дека Британците „сакаат комплекс на добра жртва“ и потсетува дека таа земја последните години ја претставувале Енди Ејбрахам, „Scooch“ и Џош Дубови. Лукас иронично наведе - Секако дека причината зашто никој не гласа за нас е тоа што го нападнавме Ирак.

Вистина: Од друга страна имавме и некои забележителни настапи: Џејд Јуен во 2009 година го зазеде неверојатното петто место, а Џесика Гарлик во 2002 година беше трета. Не беа ништо посебно, само солидни нумери кои беа добро изведени. Ако сакаме да поминеме подобро, мораме да бидеме подобри, пишува Лукас.

Мит. бр 5: Сите песни се очајни

Тоа во целост е работа на личниот вкус. Меѓутоа, различноста на музичките стилови го доведува во прашање секој кој се смета за личност со отворен ум, а кој вели дека шоуто нема никаква вредност.



Вистина: Кога инаку на едно место би слушале хрватска клапа, француски блуз, црногорски рап, норвешка електро и македонска-ромска музика? Начулете ги ушите, слушајте без предрасуди и можеби пријатно ќе се изненадите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби