ексклузивно за ИДИВИДИ од Малме И. Николовски

Сексуалната определба одлучувачка за победата на Евровизија

По 1963 И 2000 година, Данска ја освои третата победа на 58-иот избор за Песна на Евровзија кој се одржа во Малме Арената во Малме, Шведска. Би рекле дека победата на 20-годишната Емели де Форест со песната Only teardrops беше очекувана со оглед на фактот што имаше певлива песна која веќе е голем европски хит, беше еден од фаворитите на облажувалниците, освои најмнгоу гласови на првата полуфинална вечер и последно, но не помалку важно, имаше поддршка од ЛГБТ заедницата која има силно лоби и влијание на Евровизија. Иако не ја спомена својата сексуална определба, Емели де Форест на прес конференција истакна дека поддржува секаков вид врски и заедници, т.е. во контекст на годинашното мото, We are one.



Финалната вечер беше одлично доживување за гледање и слушање. Шведската радиотелевизија понуди неколку моменти досега невидени на изборот за Песна на Еврвизија. Покрај најновите технички можности и новини во однос на живите преноси, организаторот понуди спектакуларен почеток на шоуто кога сите финалисти со своите знамиња влегоа на сцената. Тоа потсети на отворањето на олимписките игри што јасно сугерира дека Евровизија е олимпијада и натпревар во музика. Оригинално делуваа и 47-те светилки во арената и 14-те светилки на сцената кои во зависност од песната, се подигнуваа и спуштаа што дополнително за гледачите даваше ефект за големината на арената. Годинава, финлистите посебен акцент ставија на интерпретацијата со што во преден план беше квалитетот на песната. Иако имаа спектакуларни сценски настапи, тоа не им помогна на Молдавија, Романија, Финска и Шведска да остварат висок пласман. Исклучок беше Азербеџан кој со неубедливата балада Hold me, изненадувачки заврши на второто место.



По победата во Стокхолм во 2000 година, втор пат најбилскиот сосед Данска победува во Шведска. Се чини дека догодина Малме може повторно да биде домаќин со оглед на фактот што Копенхаген се наоѓа на само 50 км оддалеченост од годинашниот град домаќин. Со голема возбуда Данците ја прославија победата. Веќе работат на доизградбата на новата сала во која ќе се одржи изборот за Песна на Евровизија 2014 година. Како предлог датуми се понудени 13, 15 И 17-ти мај.

Покрај Шведска, најмногу реакции и аплаузи во публиката во Малме Арената предизвикаа: Молдавија, Малта, Германија, Данска, Грција, Финска и Исланд. За гласањето непотребно е да се коментира. Сепак, покрај неколкуте соседски „додавања“ поени, вистинко изненадување за објективност и искрено допаѓање на песната беа 12-те поени кои Израел ги додели на Азербејдјан, т.е. 12-те поени од Естонија и Летонија за Русија.

Резултати од финалната вечер

Данска-281 поен(осум 12-ки)
Азербеџан-234
Украина-214
Норвешка-191
Русија-174
Грција-152
Италија-126
Млата-120
Холандија-114
Унгарија-84
Молдавија-71
Белгија-71
Романија-65
Шведска-62
Грузија-50
Белорусија-48
Исланд-47
Ерменија-41
Обединето Кралство-23
Естонија-19
Германија-18
Литванија-17
Франција-14
Финска-13
Шпанија-8
Ирска-5



Македонија гласасе вака:

12 поени-Данска
10 поени-Италија
8 поени-Норвешка
7 поени-Молдавија
6 поени-Русија
5 поени-Белорусија
4 поени-Грција
3 поени-Малта
2 поени-Холандија
1 поен-Франција



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби