Новата сезона на ’24′ ќе се појави порано од најавеното

Со нетрпение очекуваната нова сезона на ’24′ ќе се појави поскоро отколку што беше најавено.

Мрежата FOX објави дека телевизискиот трилер со Кифер Сатерленд наредното лето ќе добие уште една сезона овојпат сочинета од 12 епизоди.

Продуцентот Хауард Гордон откри дека сезоната насловена 24: Live Another Day ќе започне уште во април.

Запрашан за распоредот на снимање тој вели: “Започнуваме во јануари а во програма одиме во април”

За време на емитувањето од 2001 до 2010, ’24′ беше позната по иновативниот метод на дејство во реално време, што значеше дека секоја сезона е сочинета од 24 епизодни кои опфаќаат приказна сместена во едно деноноќие, односно секоја епизода по еден час од животот на ликот на Сатерленд, Џек Бауер.

Објаснувајќи како новите епизоди ќе бидат распоредени, продуцентот вели: “Ќе го искористиме времето така што 12 епизоди ќе го опфатат текот на денот, од утро до вечер”

Во врска со појавувањето на Клои О’Брајан, Бауеровата верна колешка играна од Мери Лин Рајскаб: “Се надевам и како фан и како продуцент дека Клои ќе се врати, но, вистината е дека сеуште сме во подготовки. Ништо сеуште не е напишано па не сме целосно сигурни за многу сегменти”.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...