Вселенска одисеја за преживување

Наслов:
Gravity

Режија:
Алфонсо Куарон

Сценарио: Алфонсо и Јонас Куарон

Улоги:
Сандра Булок, Џорџ Клуни...

Времетраење:
90 мин.

Година на издавање:
2013




Во Gravity, медицинскиот инженер на својата прва мисија Рајан Стоун (Сандра Булок) и астронаутот на последната, Мет Ковалски (Џорџ Клуни), се испратени од NASA да извршат технички поправки на Хабл телескопот во Вселената. По 15-на минути нивниот спејс шатл, Explorer ќе биде погоден од вселенски отпад, па двајцата ќе мораат да соработуваат заедно во најужасни услови кои може да се замислат, за да се вратат безбедно на Земјата.

Gravity во блиска иднина ќе се учи во училиштата за филм по два предмети. Режија и кинематографија, бидејќи е без претерување маестрален во двете области. Алфонсо Куарон толку реално ја претставил Вселената што кога го гледате Gravity имате чувство дека сте таму. Технички, широките леќи и долгите кадри се употребени за емоционален ефект во сцените со акција, а кадрите во гро план во сцените со драма.

Паметен потег од кинематографот Емануел Лубезки е употребата на Arri Alexa револуционерната камера (создадена во 2010-та година) што го прави филмот визуелно совршена креација која мора да се доживее. Мислам дека единствено само кога публиката излегувала од салата по прикажувањето на 2001 Space Odyssey во 1968-ма година го имала тоа чувство кое публиката го има сега во 2013-та по гледањето на Gravity. Не можам да тврдам со сигурност колку од тоа што го гледаме во Gravity е научно точно пренесено (за тоа ќе мораме да му веруваме на Куарон и неговиот тим), но од перспектива на гледач се изгледа реално. Вистински реално, а не Armageddon реално. Има голема разлика.

Специјалните ефекти се подеднакво импресивни, а ако се додаде и тензичната музика од Стивен Прајс, филмот е една прекрасна сложувалка на која и недостасува само едно важно делче. „Поцврсто“ сценарио. На позитивната страна, Куарон и синот Јонас во сценариото успеале да го извадат максимумот од самата тема и акција подеднакво. По само 15 минути од филмот Мет и Рајан ќе останат без комуникација со контролата на мисијата (гласот на Ед Харис), па сценаристите успеале тензијата да ја одржат со двајца ликови (подоцна само со еден) што е импресивно и тешко изводливо. Еден од нив низ целиот филм упорно се обраќа до контролата на Земјата со зборовите „mission control in the blind...“ Со тоа добиваме и нарација (преку која се води гледачот за тоа што се случува), а како што објасни Мет, не знаат дали ќе успеат да воспостават врска, но не треба да престанат да се обидуваат. И бидејќи во самата природа на филмот нема премногу емоции, како под-тема е начнат животот на Рајан пред мисијата. Дознаваме за нејзината персонална трагедија, но подоцна таа е премногу потенцирана и фокусот на ликот е пренесен во сосема друг контекст. Една од ретките мани во филмот.

Сандра Булок е ѕвездата на филмот и може слободно да очекува нов Оскар. Gravity е „one woman show“, а Куарон очигледно имал многу доверба во неа штом и доверил ваква улога во нејзините раце. Рајан е комплексен лик кој бара не само емоционален распон, туку и голема физичка издржливост. Џорџ Клуни од другата страна е „вселенскиот каубој“. Всушност неговиот лик е копија на самиот актер. Тој како да се глуми самиот себе си и тоа е во ред. Го сакаме тој Џорџ. Самоуверен, шармантен професионалец со милион и една приказна за своите авантури со жените кои ги освоил. Но, мора да се напомене дека и тој дава солиден перформанс.

Gravity е многу повеќе од филм за двајца астронаути. Тоа е филм за надежта и потрагата по излез од очајната ситуација. Триумф на човековиот дух и ментална сила.

С. Лазаревска

Gravity можете да го погледнете секој ден во Cineplexx кино салите:

Работни денови и викенд: 17:50, 19:45, 21:15, 22:15 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...