Заложничката драма на капетанот со пиратите

Наслов:
Captain Phillips

Режија:
Пол Гринграс

Сценарио:
Били Реј

Улоги:
Том Хенкс, Биркхад Абди, Макс Мартини...

Жанр:
трилер

Времетраење: 134 мин.





Том Хенкс повторно глуми вистинска личност. Тој беше астронаутот Џим Лоуел во Apollo 13, конгресменот Чарли Вилсон во Charlie Willson’s War, а следниот месец ќе биде и Волт Дизни во најновиот проект Saving Mr. Banks. Но, тој оваа година го портретираше и Ричард Филипс, капетанот на карго бродот Maersk Alabama кој беше киднапиран во 2009-та година од сомалиски пирати.

Во Captain Phillips, двојниот оскаровец е Ричард Филипс, капетанот на Maersk Alabama кој заедно со посада од 20 луѓе треба да пренесе огромен товар од Оман во Кенија. На патот до таму, поточно во заливот Еден, капетанот ќе биде пресретнат од сомалиски пирати предводени од Абдували Мусе (Биркхад Абди) и земен како заложник со барање за откуп. Борбата на морнаричките фоки за да го спасат Филипс од пиратите ќе биде екстремно тешка и макотрпна.

Captain Phillips го означува повторното враќање на Том Хенкс во старата добра форма. Тој повторно е на врвот на задачата, па фановите можат да се успокојат. Хенкс го дава еден од најдобрите перформанси на годината. Том е искусен и знае точно што прави, но фасцинира еден актер на кого ова му е прв филм во кариерата. Биркхад Абди. По потекло од Сомалија, Абди се издвојува од останатите актери (кои ги портретираат пиратите) по природниот талент, смиреноста и способноста да го следи поискусниот Хенкс во развојот на сторијата без паника и чувство на страв. Мусе како најразумен од пиратите ќе биде способен да оформи барем некаква конекција со Филипс, а самиот актер успева да му даде и грам човечност во целата заложничка драма.

Филмот линеарно може да се подели на три дела. Првите 40-на минути од филмот кога пиратите се обидуваат во два наврати да го заземат бродот. Потоа 20-на минути на самиот брод кога дејствието е претежно обликувано со екипажот на бродот и кога ги гледаме обидите да се извлечат сами. Последните 40-на минути се најтензичните и таму ја гледаме и инволвираноста на морнаричките фоки во преговорите. Капетанот и пиратите се во чамецот за спасување, а командантот на „фоките“ (игран од Макс Мартини) го диригира преговарањето.

Како одминува дејствието се зголемува и тензијата кај гледачот (што е одлично), но не смее да се заборави и негативниот ефект од тоа ако подобро размислиме. Да, точно е дека последните моменти од филмот се највозбудливите, но Том Хенкс, ѕвездата во Captain Phillips кој толку навикнавме да го гледаме како херој (и човек обично кој ги има сите одговори), сега е пасивен играч кој во голем дел од филмот само седи во чамецот. Оставено е на интелигенцијата, тактиката на морнарицата да го спаси, а се што тој може да стори е преку психолошка игра „да си купи време“, но и тоа нема да биде лесно. Дел од пиратите се повредени, а сите се нервозни, калустрофобични и без „кат“ листовите халуцигена дрога која ја џвакаат против „морска болест“. Повеќе е психолошка војна на истрајност, отколку херојска мисија на Хенкс.

Режисерот Пол Гринграс и тука на големо ја применил рачната камера која стана толку препознатлива за неговите филмови, а која му дава автентичен и визуелен стил налик на документарен филм. Фасцинираат и кадрите од речиси сите агли на самиот Maersk Alabama. Сцените пак, со бркотницата на бродот на капетанот со пиратите се дел од најдобрите во ова дело и покрај фактот што самата акцијата со бркање трае речиси 20 минути.  Предолго да, но не го чувствувате тоа бидејќи е маестрално снимена.

Captain Phillips е добар филм. Постепено го „билда“ дејствието и неизвесноста, а може да се пофали со добра режија и одлична глума од една холивудска ѕвезда и еден анонимен почетник.

С. Лазаревска

Captain Phillips можете да го погледнете во Cineplexx кино салите секој работен ден и викенд од 17:00, 19:35, 22:15 часот.
Доколку сакате да го погледнете целиот нивен репертоар кликнете
тука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...