Еден храбар слободен роб

Наслов:
12 Years As A Slave

Режија:
Стив Меквин

Сценарио:
Џон Ридли

Улоги:
Џиефер Еџијофор, Мајкл Фасбендер, Бенедикт Камбербач, Пол Дано...

Жанр: драма/биографија

Времетраење: 134 мин.



12 Years As A Slave е третиот долгометражен игран филм режиран од Стив Меквин, третиот во кој соработува со ирско-германскиот актер Мајкл Фасбендер (по Hunger и Shame) и вториот кој раскажува вистинска приказна (пo Hunger).

Во 12 Years As A Slave, Соломон Нортхaп (Џиефер Еџијофор) е слободен човек кој живее со сопругата и двете деца во Саратога, Њујорк. Но, откако ќе го испрати семејството на пат, тој ќе биде измамен, издрогиран и киднапиран, а потоа продаден од двајца измамници. Тоа што ќе следи е неговата 12-годишна Оисеја на неколку плантажи за да си ја врати слободата и фамилијата. 

12 Years As A Slave не е лесен за гледање. Одличен, но емоционално исцрпувачки филм, кој како и досегашните проекти на Меквин успешно навлегува под кожата и чепка во нервите на гледачот. И како и до сега, тој повторно начнува контроверзна тема. Започна со фаталниот штрајк со глад на затворениците предводен од Боби Сенд, продолжи со зависноста од секс, а сега расизмот. Но, прво нешто што веднаш паѓа во очи кога го гледате филмот е прекрасната глума од речиси сите во актерската екипа. Еџијофор го прикажува најдоброто од неговиот неизмерен талент во улогата на Соломон. Неговиот перформанс поседува скромност, достоинство и суптилност во прикажувањето на страдањата на неговиот лик. Една сцена со Еџијофор ќе ве остави со грутка во грлото и солзи на очите, но искрено за емоционалниот немир по гледањето, виновни се и сценаристот Ридли и режисерот Меквин исто колку и самиот актер.

Сцената со бесењето на плантажата на Вилијам Форд (Камбербач). Соломон во последен момент ќе избегне сигурна смрт од садистичкиот надзорник на плантажата Џон Тибетс (Пол Дано), но обрнете внимание на истата сцена веднаш потоа. Соломон се’уште е на бесилката со двете нозе едвај до земјата како се бори за здив, но никој не забележува. Децата си играат зад него, слугинките си ја работат својата работа и камерата не мрда од местото. Можеби 3-4 минути. Премногу долга сцена за да може да се поднесе, а во неа не е изустен речиси ни збор. Долгите кадри кои станаа негов препознатлив заштитен знак за Меквин повторно се употребени и во 12 Years As A Slave, но тука имаат уште еден ефект, да ја нагласат и кинематографијата. Бидејќи голем дел од дејствието се одвива на отворен сет, тие убаво ја комплетираат приказната од визуелна перспектива.

Не смее да се заборави и маестралниот перформанс од Мајкл Фасбендер, редовниот соработник на Меквин. Тој го портретира Едвин Епс, садистички тиранин и силувач на женските робови. Еден од најодвратните ликови не само во филмот, туку и во неговата кариера, но Фасбендер изненадува и со одличниот јужњачки акцент. Во него лежи уште еден перформанс вреден барем за номинација, а одлични се и Бенедикт Камбербач, Бред Пит и Пол Џијамати и покрај премалата минутажа во филмот.  

Многумина ќе направат паралели со Dјаngo Unchained. Да, двата филма поседуваат сличности во дел од темите (расизам, ропство, тортура), но понатаму немаат ништо заедничко. Тарантино со хумор го претстави страдањето на кутрите луѓе, а на Меквин не му е тоа намерата. Тој сака реално да ги прикаже најдолните и највозвишените мигови на своите ликови преку графички експлицитна бруталност и насилство. Хуманост, човечност од едната страна и омраза, а предрасуди, љубомора и мизантропијата од друга.

Да, дел од сцените содржат графички експлицитни кадри на насилство, неправда и тортура, а исто така  и расплетот е набрзина нафрлен пред самиот крај. Но, сетете се на кутрата мајка која во една од сцените ќе биде разделена од своите деца и продадена одделно. Кога и го раскажував филмот на една моја пријателка, ја употребив реченицата „Се засрамив што сум дел од белата раса по гледањето на филмот“. А таа само додаде „и човечко сушстество“.

С. Лазаревска

Twelve Years As A Slave ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино салите од 30.1.2014 во 16:00 и 22:30 часот. Доколку сакате да погледнете кои други филмови ги има на репертоарот кликнете тука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...