Луѓето веруваат во тоа што сакаат да веруваат

Наслов:
American Hustle

Режија:
Дејвид О. Расел

Сценарио: Дејвид О. Расел и Ерик Ворен Сингер

Улоги:
Кристијан Бејл, Бредли Купер, Ејми Адамс, Џенифер Лоренс, Џереми Ренер....

Жанр:
крими-трилер

Времетраење: 138 минути.


Дејвид О. Расел си ја собра екипата. Актерската екипа на која и верува. И зошто да не би и верувал? Ејми Адамс, Кристијан Бејл, Џенифер Лоренс, Џереми Ренер и Бредли Купер. Премногу талент на едно место, но од тоа не боли глава. Напротив. Тие се сон на секој режисер.

Бејл во American Hustle e Ирвин Розенфилд, бизнисмен/ професионален измамник. Оженет е со многу помладата, ментално/емоционално нестабилна Розалинд (Лоренс), но на забава ќе ја запознае Сидни Просер (Адамс). Паметна и прекрасна измамничка (екс стриптизета) која не само што ќе му стане љубовница, туку и партнер. За жал нивната мисија кратко ќе трае, бидејќи двајцата ќе бидат фатени на дело од ФБИ агентот Ричи ди Мазо (Купер). Млад, амбициозен социопат кој ќе ги регрутира да му помогнат во мисијата за апсење на корумпирани политичари, како градоначалникот на Камден, Кармајн Полито (Ренер). Градоначалникот, пак е амбициозен популист обожаван од луѓето, па задачата нема да биде лесна за никого.

Фасцинира способноста на Дејвид О. Расел да ги направи ликовите поинтересни од дејствието на неговите филмови. Но, сега прво во очи паѓа одличната глума од актерите. Кристијан Бејл со плус 20 килограми на себе е навистина одличен, а Купер исто така, но тука Адамс и Лоренс се брилијатни. Две прекрасни и талентирани актерки, кои по заслуга на Расел се надвор од „комфорната зона“. Адамс најчесто ја гледаме како наивна, кршлива жена, а Лоренс како цврстата девојка. Не, не. Сега двете воодушевуваат со распонот на талент и способноста да се претопат во секоја улога, а ова се улоги какви што до сега не одглумиле. Само погледнете ја Лоренс и сцената во која манијакално брише прашина на Live And Let Die од Пол Макартни. Има мал број на сцени во филмот, но успева да го засени дури и Кристијан Бејл, а тоа не е баш лесно.

American Hustle во центарот е приказна за „американскиот сон“ и фамилијарните вредности. Сепак, додека дојдеме до центарот минуваме низ повеќе бизарни чудни ликови. Често низ филмот од Сидни и Ирвин ја слушаме репликата „Луѓето веруваат во тоа што сакаат да веруваат“. Тој со ужасен акцент (ала де Ниро) и уште полоша перика, а Сидни (под алијасот Лејди Едит Гринсли) со подеднакво лош британски акцент- заедно успешно мамат луѓе. Кога ги гледате не можете да не си речете „Аман кого лажеш ?“ Но,  веднаш се потсетуваме на значењето на нивното „мото“. Луѓето веруваат во тоа што сакаат да веруваат и се ни е јасно. Филмот има дури тројца наратори (Ирвин Сидни и Ричи), кои здосадуваат по одредено време, но секој од тројцата преку нарацијата си го претставува својот живот или животот на тие околу нив. American Hustle е и филм за ескапизмот. Сидни во една сцена вели „Мојот сон е да станам човек, кој не е јас“. Успева во намерата, но ако спречила останатите да ја запознаат вистинската Сидни, малку и треба да ги процени карактерите на останатите. Веројатно тоа доаѓа со самата професија.

Филмот е добар, со одлични актери, но не ја сфаќам фамата која ја дигна. Не е најдобриот филм на годината, но се гордее и со добри споредни актери (Луи Си-Кеј) а и со едноставноста на малите навидум безначајни сцени. Тие и даваат баланс на екстравагантноста на карактерите (шеик, мафијаши, ФБИ агенти, Ди Мазо со виклери на главата....).  Сцената помеѓу Сидни и Ирвин во продавницата за хемиско чистење на пример. Кој би рекол дека толку интимна и едноставна сцена може да се сними помеѓу закачалки со облека. American Hustle треба да се гледа два пати. Првиот пат за да се впие глумата, а вториот пат приказната.

С. Лазаревска

American Hustle ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино салите од 23.1.2014-та година. До тогаш можете да погледнете некој филм од нивниот репертоар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...