Очајот ќе те натера на сè

Наслов:
Dallas Buyers Club

Режија:
Жан Марк Вали

Сценарио:
Крег Бортен и Мелиса Валак

Улоги:
Метју Меконахи, Џеред Лето, Џенифер Гарнер, Грифин Дан...

Жанр: драма/биографски филм

Времетраење: 116 мин.



Метју Меконахи полека но, сигурно станува сериозен респектабилен актер. Човекот кој помина добар дел од една декада заглавен во „кошот“ наречен медиокритетни романтични комедии, се избори за подобри улоги. Lincoln Lawyer, Bernie, Mud, Paperboy, Wolf Of Wall Street и сега Dallas Buyers Club. Импресивно. 

Меконахи во Dallas Buyers Club е Рон Вудруф. Промискуитетен електричар, хомофоб, зависник од дрога/алкохол кој како што рече еднаш Кристофер Хиченс „ја гори свеќата на двата краја“. Откако ќе му биде дадена ХИВ позитивна дијагноза и 30 дена престанат живот, Рон незадоволен од единствената опција за лекување (AZT) ќе замине за Мексико кај докторот Вас (Грифин Дан). Тој ќе му даде (поефикасни) лекови кои не се одобрени од Администрацијата за храна и лекови во САД и истите ќе ги увезе во Америка. Во партнерство со трансескуалецот Рајон (Џеред Лето) ќе го основа и Buyers клубот- приватен бизнис за „продавање“ на лековите на болните како него. Но, Администрацијата (FDA) нема да го толерира и ќе стори се што е во нивна моќ да го затвори.

Dallas Buyers Club не е информативен за темата СИДА како And The Band Played On, емотивен како Philadelphia, It's My Party, Longtime Companion или пак Angels In America (ок технички тоа е мини-серија), но е квалитетен и добар филм кој треба да се погледне. Филмот се гордее со одличната глума од Меконахи и Лето и двајцата заслужуваат номинации за Оскар. Искрено не верував дека некогаш ќе го помислам тоа (дека Меконахи заслужува номинација за Оскар) но тој го дава перформансот на кариерата, а Лето го следи во чекор. А ако се додаде и фактот што двајцата ослабеа околу 20 килограми за поуверливо да ги прикажат своите улоги (Академијата го обожава тоа), тие се навистина маестрални во перформансите. Но, филмот најмногу се фокусира на личната Одисеја на Рон за да ги донесе лековите во САД, а сценаристите многу повеќе требало да се осврнат и во критиката кон американското здравство, за брзото ширење на СИДА епидемијата во САД, малиот избор на третмани на болните и интересот на фармацевските компании за профит. Сите тие работи се само бледо прикажани, но не доволно за да бидат „шлаканица“ за САД. До некаде тоа е и разбирливо, бидејќи е биографски филм, а не документарец. Но, сценаристите ако не успеале во одделот истражување, добро ги развиле ликовите, особено Рон и Рејон.

Врската помеѓу двајцата (Рон и Рајон) фасцинира колку и самите индивидуи поединечно. Еве за пример најпрво ќе го земеме Рон. Тој со основањето на Dallas Buyers клубот, нема да се претвори во Робин Худ. Тоа е само бизнис и така го третира. И тоа е сосема во ред. Сепак, неговиот однос кон Рејон ќе се промени. Може да се каже дека нивното бизнис партнерство ќе прерасне во силно приватно пријателство, а тој ќе добие и нов поглед на светот кој до тогаш гледал со презир. Геј популацијата. Рејон е сосема друга приказна. Маргинализиран од општеството, а презиран и отфрлен од фамилијата. Тој е измачена душа. Трогателна е сцената при крајот кога ќе го посети татко си облечен во костим, а не во женска облека (како што го гледаме во целиот филм).

– Боже помогни ми, извикува неговиот татко додека разговара со синот, а Рејон само ќе одговори: Ти помогна. Јас умирам - тоа е одговорот од него, и едноставно на лицето не можете, а да не прочитате разочарување. Разочарување дека не е тоа што неговиот татко сакал да биде, дури и во последните моменти пред смртта.

Но, иако во центарот на вниманието се Метју и Џеред, Dallas Buyers Club може да се пофали и со добри перфроманси од Џенифер Гарднер (како докторката Иви Сакс) и Грифин Дан (како докторот Вас во Мексико). Но, Dallas Buyers Club е пред се приказна за очајот и на што е подготвен човекот во состојба на очај. Да не се предаде.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...