Промоција на книга за Тоше Проески на денот на раѓањето!

Оваа година нашиот најдобар пејач во историјата, Тоше Проески, би наполнил 33 години. На датумот на неговото раѓање, 25-ти јануари, ќе биде промовирана книга „Ова не е крај“, посветена на трагично загинатата македонска музичка легенда.

Во делото на познатата македонска новинарка Соња Алексоска Неделковска се интервјуирани повеќе од 80 соговориници, а спомените на Тоше ги поделија и членовите на неговото најблиско семејство – сестрата Дора, зетот Славен Ристески и внукот Кристијан. За интересни детали од детството говорат и неговите другари од родното Крушево. Пред читателите ќе биде претставено четиво кое ќе ги опфаќа сите сегменти на животот на пејачот, а особен осврт ќе биде даден на неговите први чекори во кариерата, првите настапи и првите отпеани песни. Исти така многу познати личности ќе се потсетат како Тоше ги освоил Србија, Босна, Хрватска, но и целиот Балкан, а бројни музичари, продуценти, текстописци, новинари, ќе зборуваат за тоа како се развивал неговиот професионален музички пат.

На крајот, светски автори исто така ќе го споделат искуството за соработката со Тоше при снимањето на неговиот албум за европски и странски пазар „The hardest thing“.

- Книгата ќе се најде во луксузно пакување, а во неа ќе има и фотографии од приватниот живот на Тоше. На тие фотографии овековечени се моменти од неговите најблиски, како и детали од детството, првите настапи, концерти и слично, велат од Фондацијата „Тоше Проески“, која е и издавач на книгата за починатиот пејач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби