Верувале или не: Северна Кореја слета на Сонцето

Државната новинска агенција на Северна Кореја денес потврди дека земјата е првата во светот која пратила човек кој слетал на Сонцето.

Според информациите астронаутот Хунг Ил Гонг заминал кон Сонцето на специјално дизајниран брод во 3 часот ова утро. По 4-часовен лет, тој успеал да слета на површината.

-Пресреќни сме што можеме да соопштиме дека мисијата за слетување на сонцето е успешна. Северна Кореја ја победи секоја држава на светот во трката кон Сонцето. Хунг Ил Гонг е херој и заслужува херојско добредојде кога ќе се врати дома вечерва.

Гонг треба да се врати на Земјата во 9 часот вечерва каде ќе биде пречекан од својот вујко и врховен водач Ким Јонг Ун.

За сега познато е дека 17-годишниот истражувач на Вселената патувал преку ноќ за да ги избегне сончевите зраци и токму тој негов брилијантен потег и го донесе на оваа земја првото место во слетување на Сонцето.

Но, тоа не е се. Гонг е толку посветен на својот лидер што дури земал примероци од Сонцето со цел да му ги подари на својот сакан врховен водач.

По ова и нашата Влада сериозно размислува да инвестира во градењето на вселенски летала, со цел да биде во чекор со светот, а пред сè со Северна Кореја.

Поверувавте ли во ова? Се надеваме не. Но, сепак станува збор за Северна Кореја каде сè е можно  J.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1936.- Во местото Горки, кај Москва, умре Алексеј...
1940.- Францускиот генерал Шарл де Гол ги повика...
1953.- Египет е прогласен за република по...
1965.- Во Алжир е извршен државен воен преврат....
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби