ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ

Македонците во топ 20 највредни нации во светот

Економскиот магазин „Economist“ реши да истражи кои нации се највредни во светот. Одделија вкупно 25 земји, од кои најбројни се оние на Балканот. Она што е интересно е дека токму ние Македонците сме меѓу првите на оваа листа.

22. Чиле - 39,4; Чешка - 39,4 и Србија - 39,4



Во Чиле работниот ден почнува во 8:30 часот наутро, а завршува во 18 часот, додека паузите за ручек од еден час се сосема разбирливи. Во Чешка, работната недела трае околу 39 часа, со што самите работодавци го диктираат работното време, кое обично во еден ден е повеќе од шест часа. Првата земја од Балканот на оваа листа е Србија, каде што работниот ден има 8 часа. Овде работните услови се сметаат за тешки.

21. Исланд - 39,9

Во Исланд луѓето работат од 9 наутро до 17 часот, но за време на летото работното време се менува од 8 часот до 16 часот. Во просек, мажите работат 10 часа подолго од жените.

20. Бугарија – 40,1

Во производствениот сектор, работниот ден во Бугарија започнува од 8 часот наутро,а трае до 17 часот, додека пак јавниот сектор започнуваат еден час подоцна.

19. Полска – 40,4

Полјаците работат по осум часа во текот на неделата и по шест часа во сабота.

18. Грција – 40,9

Работните часови во Грција се од 9 наутро до 17 часот, но само банките работат од 8:30 до 14 часот.

17. Босна и Херцеговина - 41



Стандардното работно време во Босна и Херцеговина трае осум часа во текот на неделата од понеделник до петок.

16. Доминиканска Република – 41,3

Доминиканците работат пет дена во неделата од 9 до 17 часот, но повеќето фирми работат и во сабота. Тие нормално земаат пауза за ручек од неколку часа.

15. Шри Ланка – 41,6

Во Шри Ланка се работи осум часа од 8:30 до 16:30.

14. Косово – 41,7 и Македонија – 41,7

Во Косово се работи од понеделник до сабота и тоа од 8 часот до 16 часот, а само банките отвараат и затвараат еден час покасно. Во Македонија луѓетот работат по осум часа, а често се работи и во сабота.

13. Алжир – 42,2

Во Алжир се работи од сабота до среда и тоа од 8 часот до 17 часот, а администрацијата и банките работат и во четврток до 15 часот.

12. Мексико – 42,4



Во Мексико работниот ден почнува во 8 часот, а завршува во 18 часот, но работодавците го диктираат работното време.

11. Гватемала 43,3

Работните часови во Гватемала варираат, но банките работат од 9 часот до 16 часот, додека продавниците од 10 до 19 часот. Исто така компаниите работат по неколку часа и во сабота.

10. Јужна Кореја - 43,8

Пред некое време се смени законот во оваа земја со што отскокна на оваа листа и сега Јужно Корејците работат повеќе од 8 часа на ден.

9. Хонконг – 44

Ако живеете во Хонконг може да ви изгледа дека работите повеќе од 44 часа неделно. Овде не е битно дали доаѓате точно на време, колку што е важно да ги забавувате клиентите со вечери и забави по работните часови.

8. Сингапур - 44,3

Во Сингапур се работи пет и половина дена, односно од понеделник до петок и во сабота до 13 часот.

7. Тајланд - 44,9

Шест дневната работна недела е сосема разбирлив за во Тајланд.

6. Јужна Африка – 45



Работната недела во Јужна Африка изнесува 45 работни часа, пет дена во неделата.

5. Малезија - 46,1

Во Малезија почнуваат со работа уште на 14 годишна возраст и еден ден има само 8 работни часа.

4. Макао – 47

Просечен работен ден во Макао изнесува 8 часа, а речиси 60% од популацијата работи шест дена во неделата.

3. Турција – 47,1

Владата, банките и канцелариите во Турција се отворени од 8:30 до 17:30 часот, со што се користи еден час пауза за ручек, додека за време на летниот период се почнува со работа еден час порано.

2. Пакистан – 47,8

Пакистанците работат повеќе од 12 часа во еден ден, а во еден ден дозволено им е да работат уште два часа.

1. Катар – 50



Во Катар многу зависи каде работите, но во просек една работна недела има 50 работни часа. Владиниот сектор работи од 6 часот наутро до 14 часот, додека другите компании од 7:30 до 12 прва смена и од 3:30 до 19:30 втора смена. Банките работат од 7:30 до 13 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби