„Холандска девица“ го отвори Фестивалот на европската литература

Синоќа во Јавна соба се отвори второто издание на првиот фестивал на европска литература „Симни ми ѕвезда“ во Македонија.

Фестивалот ќе се одржува до 11 ноември, каде што ќе бидат промовирани различни книги од европски автори, вклучувајќи и двајца наши писатели. Љубителите на пишаниот збор, освен во книжевниот дел ќе уживаат и во филмски проекции, трибини, дебати и настапи на познати DJ-и.



Организатор на фестивалот е книжарата „Антолог“, преку богатата  програма се обиде да го задоволи вкусот на секој посетител.

Првата книга што беше промовирана е  книгата „Холандска девица“ од холандската авторка Маренте де Мор, чиј промотор беше нашиот прозаист, есеист и поет Александар Прокопиев, кој живописно нè внесе во приказната.

За време на промоцијата и самата Маренте прочита дел од книгата на холандски јазик.



-Додека ја пишував книгата живеев на тромеѓето меѓу  Белгија, Холандија и Германија. Во суштина и оваа книга се случува на овој простор. Во неа се обработуваат граници и тоа не само литературни граници поради различни јазици. Тука е спротивноста меѓу двајца пријатели, меѓу близнаци, меѓу староста и младоста. Кога ја пишував книгата во овој агол од Европа, никогаш не ни претпоставив дека мојата книга на некој начин ќе патува, ќе ги премине границите и ќе ми донесе популарност, изјави таа.

Сепак, ова не е само приказна за граници и бариери, туку и за љубовта и страста, а воедно и за губењето на невиноста.

Топло ви препорачуваме да ја прочитате книгата и да откриете зошто токму ова дело на Маренте де Мор е преведено дури на десет јазици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби