Падната ѕвезда за пензионирана муза

Автор: Ивана Смилевска

Падната ѕвезда за пензионираната муза, а историографска метафикција за вас, прекрасни луѓе!

Можеби поговорката кажува дека победниците ја пишуваат историјата, но историјата е творба на жените што создавале во тишина. Полската писателка Агата Тушињска обработува токму една таква приказна во сенка, каде што во центарот на дејството е ликот на Јузефина Шељинска – Јуна, единствената жена на која Бруно Шулц ѝ предложил брак.

Бруно Шулц, генијалниот автор на „Продавници со боја на цимет“ и на „Санаториумот во знакот на клепсидрата“, сè уште не се има здобиено со книжевна слава и е професор по техничко, чие главно хоби е цртање портрети на убави жени. Една од нив ќе биде и Јуна, професорка по книжевност во женска гимназија. Некаде меѓу многубројните портрети на Јуна што ги црта Шулц и нивните разговори за литература двајцата стапуваат во романтична врска и другото е (непозната) историја. Љубовта помеѓу Бруно и Јуна не е среќна љубов, но делата на Бруно ќе останат да живеат, а смртта сè уште не може да ги уништи, само поради пожртвуваноста на Јуна. Во својот роман Агата Тушињска преку мешање фикција и биографија постигнува демистификација на нивниот однос, дооформувајќи ги нивните карактери.

„Не успеа моето бдеење врз твојата самотност“.

Не можејќи да излезе накрај со многубројните пороци и фетиши на Шулц, таа ја прекинува нивната врска, но бидејќи е свесна за неговиот талент, ќе продолжи да го следи неговото творештво.

Втората светска војна е во ек. Евреите се убивани и прогонети. Има ли место за љубов кога владее војна? Особено за поранешна љубов? Времето ја запрело. Каде се закопани поранешните љубови? По коверти?

Шулц не ја преживува војната, а Јуна себеси не може да се нарече жива. Дури и спомените и творештвата на Шулц се во опасност засекогаш да згаснат. Јуна е сега само една пензионирана муза. Со својата посветеност помага творештвото и цртежите на Шулц да го победат дури и Хитлер.

Агата Тушињска го поставува прашањето дали постои љубов без пожртвуваност и создава едно постмодерно дело што е интертекст на една историја, користејќи ги цртежите на Шулц, неговото творештво и неговите мали и големи љубови. Романот „Свршеничката на Бруно Шулц“ е сведок на сите неми музи низ историјата и на нивната метабитка против смртта и ужасната брзина со која бледнеат спомените.


Доколку сакате да ја проследете промоцијата на книгата „Свршеничката на Бруно Шулц“, тоа може да го направите на 2 ноември во 20 часот во Јавна соба. Но, исто така доколку одговорите точно на прашањето: На кој книжевен фестивал ќе биде промовирано ова безвременско дело од Агата Тушињска, ќе станете потенцијален добитник токму на оваа книга. Точниот одговор напишете го во коментар на овој линк, кој исто така ќе треба јавно да го споделите на вашиот профил на Facebook. Добитникот ќе го објавиме во четврток! За помош, отворете на овој линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби