Промовирана книгата која покрена лавина реакции и според која се снима филм

Во рамките на Фестивалот на Европска литература „Симни ми ѕвезда“, организиран од книжевниот центар „Антолог“, синоќа се промовираше романот „Елиза на единаесет години“ од романската авторка Доина Рушти. Преводот на книгата го изработи Александра Каитозис, а како промотор на ова дело беше Ермис Лафазановски.



- Токму „Антолог“ се обидуваат во последно време да ни ја доближат поблизу балканската и европската литература, која кај нас е помалку застапена. Во Македонија се извршуваат голем број на преводи од романски јазик на македонски, иако обратниот превод оди потешко. Овој роман кој што денес имам чест да го промовирам, покажува дека за прв пат во животот се најдов во една пријатна ситуација, да опишам дело во само една реченица, која гласи: Единаесет годишно девојче во едно село од Романија е заразено со болеста сифилис и тука започнува и завршува сè. Може да заврши, затоа што сè е кажано во една реченица, но може да започне затоа што отвора голем број на перспективи, започна промоторот и современиот македонски писател, Ермис.

Имено, во делото освен што се зборува за Елиза, се опишуваат и други случаи на сифилис, за кои токму девојчето се обвинува за заразата. Постепено медиумите, властите, обичните граѓани, па дури и родителите на Елиза бараат таа да биде казнета, со што станува главен општествен непријател. Сепак, намуртена и самостојна Елиза го покажува својот цврст карактер, однесувајќи се како зрел човек.

- Во книгата опишувам живот на едно девојче, обидувајќи се да ги разберам малите и плитки однесувања на самото општество кога фамилијата е во криза, општеството е во криза, љубовта исто така, а правдата е мртва, сподели авторката на книгата.

Таа разговараше со сите присутни, кои беа мошне заинтересирани за делото и успеа да одговори исцрпно и детално на секое поставено прашање, како и да ја разреши секоја дилема на читателите. Со оглед на тоа дека книгата е напишана според вистинска приказна, она што не интересираше сите е дали Доина ја познава Елиза и каде е таа сега.



- За ова дело чекав Елиза да стане полнолетна пред да го објавам. Кога таа ги раскажува настаните видливи се многу посилни чувства, отколку кога се опишани во книгата. Морам со огромна среќа да споделам со вас дека Елиза успешно заврши средно образование со огромен успех и високи оцени. Моментално се снима филм според оваа книга, а сценариото го работи мој близок пријател, додаде Доина.

Прочитајте го интервјуто на Доина за да дознаете нешто повеќе за книгата, а исто така и посетете го и книжевниот центар „Антолог“, од каде што ќе може да ја набавите книгата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби