ПЕТОК Е ДЕН ЗА КОЛУМНА

Се чука во гради: Моето дете е најдобро!

Деновиве читав статија на некој портал на интернет, преку која се убедуваат родителите да ги охрабруваат нивните деца со зборовите „Браво, сине, најдобар си, продолжи така, нема подобар од тебе!“; „Ти знаеш најдобро!“.

Но, сметам дека нема потреба од такви статии кога самите родители уште бебето неродено, знаат дека ќе биде најдобро што и да прави. Со оглед на коментарите кои ги даваат и темите на разговор во кои нивното дете е искачено на пиедестал, не би ме ни зачудило ако во себе си мислат „Леле, моето бебе најдобро повраќа!“



Саркастична сум, токму затоа што околу мене премногу слушам такви непотребни издигнувања на одредени деца. Уште како мали ги охрабруваат со зборови дека тие се најдобри и најпаметни, како не треба никој да им ја полни главата со глупости дека некој е подобар од нив. Како што ќе почнат да посетуваат училиште и да се дружат со свои врсници, тие во очите на родителите се повторно посебни и најдобри, па дури и не го признаваат успехот на другите деца.

Ако вие не го признавате туѓиот успех, како сакате вашето дете да прерасне во личност која ќе знае да го разграничува успешното од неуспешното? Како сметате дека еден ден тој ќе биде добар менаџер, ако не соработува со своите вработени, туку само си гледа за себе и си мисли дека и онака е на врвот? Како тоа дете ќе учи за да се надградува? Да, точно е дека на тој начин го охрабрувате, само избирајте ги правилните зборови со кои што го правите тоа, не му кажувајте дека е најдобар, затоа што тоа значи дека нема подобар, туку употребувајте зборови со кои ќе му дадете до знаење дека завршил одлична работа, но и дека секогаш може повеќе.

Друг проблем се мајките кои кога ќе се соберат, непрестајно си ги фалат своите деца. Како да седнале на кафе и индиректно си организирале некој натпревар за тоа чие дете е подобро. Ги фалат ќерките како помагаат низ дома, како се многу скромни и паметни, а сите знаеме како се однесуваат тие кога ќе излезат во град. Барем во нашата земја градовите се толку мали, што знаеме дури и кога комшиите имаат секс, а не па какви им се децата.

Во ред е, знаеме дека ги сакате, но сите родители си ги сакаат своите деца, не сте единствени. Оставете ги тие самите да си го изградат својот углед во општеството и да остават добар впечаток меѓу луѓето. Оној што си е успешен, воопшто нема да се занимава со тоа дали луѓето знаат колку е успешен во животот, туку ќе продолжи да се искачува нагоре, без разлика на тоа што се зборува. Ќе се преокупира за себе, отколку за другите. Вие како родители, треба да сте присутни кога ќе побара помош од вас и да му помогнете, наместо да се чукате во гради и да тврдите како имате најдобри деца на свет!

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби