ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНИ

Не се „замарам“ со политика! Ниту со мојата земја!

Една од најстарите цивилизации во светот, Индијанците, во праисториско време живееле со сфаќањето дека ако некој маж не учествува во владеењето на племето, значи дека тој маж не бил воопшто способен за ништо. Жените го избегнувале, неговото семејство се разочарувало од него и сите се оградувале од заедничко одење на лов или донесување на какви било одлуки во кругот на неговото семејство.

Денес, сите имаме право на избор. Уште од мали, нашите родители нè оставаат да носиме мали одлуки, но тие секогаш се тука да ни помогнат за секој избор. И ако најпрво правиме избор за тоа дали да го облечеме денес тенкото или дебелото палто, затоа што надвор веќе температурите се спуштиле на 0, на крај на нашето созревање завршуваме со учество во изборите за тоа кој ќе ја води нашата земја во која живееме. Која голема улога е тоа за секој еден полнолетен граѓанин! Знам, можеби ќе кажете како може јас да се мешам во тоа дали вие ќе гласате или не, но размислете подобро.



Како што некогаш кажал и големиот Френклин Рузвелт „Никогаш да не заборавиме дека владата сме токму ние, а не некоја вонземска сила над нас. Врвните владетели на нашата демократија не се Претседателот, премиерот или министрите, туку гласачите на оваа земја“. Да, токму ние граѓаните со нашето право на глас, учествуваме во градењето на државата и во владеењето на земјата како што ние сакаме.

Честопати слушам коментари од типот: „Јас не се замарам со политика“; „Сите се исти“ или „Сите крадат“.. Но, како тогаш се буниш ако нешто не ти чини? Зошто се буниш ако имаш мала плата? Зошто се буниш за протестите и штрајковите? Немој да се буниш! Ако не те интересира политика, значи не те интересира ни твојата татковина! А треба ли така? Тоа е исто како да кажеш дека не се грижиш за твоите родители или уште пострашно, за твоите деца.



Човеку, ти што одговараш на анкетите дека нема да гласаш, свести се! Живееш овде! Ова е твоја земја! Ти чекориш по неа! Твоето семејство чекори по неа! Затоа излези и гласај!

Запомни дека секогаш имаш избор. Имаш плави и црвени. Имаш десни и леви. Имаш и други опции, но секогаш има што да избереш. Сè што треба е да размислиш подлабоко дека ова е твое парче земја, ти припаѓаш тука и можеби токму твојот глас ќе ти го донесе она кое што го сакаш. Токму ТИ си власта!

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби