ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Како може да сакаш вистински, ако прво не се сакаш себеси?

Ти самиот, многу повеќе од сите други во овој универзум, ја заслужуваш својата љубов и своето внимание - Буда



Кој си ти? Што си ти? Дали знаеш да кажеш што навистина сакаш, а што не? Дали сметаш дека си доволно објективен при донесувањето на одлуки? Дали ги сакаш другите луѓе? Пред да си одговориш искрено на овие прашања, мора прво да одговориш дали се сакаш самиот себе.

При дружба со други луѓе, често знам да го анализирам нивното однесување, а верувам дека не сум единствена во ова. Ако застанеш на страна и ги набљудуваш сите за што зборуваат, ќе успееш да дознаеш многу работи за нив. Во денешно време, луѓето како да се изгубени во целиот хаос со кој се соочуваат. Животот на сите ни е исполнет со различни подеми и падови, но како постојано се трудиме другите да ги ставиме пред нас. Па како да не го правиме тоа, кога уште од мали нè учат секогаш да гледаме прво за другите? Дури и во Библијата пишува дека треба да се сака ближниот свој како што се сакаме себеси. Но, пред да љубиме други, мора да научиме да се сакаме себеси, затоа што љубовта кон себе е многу важна.



Токму учењето за тоа како да се сакаш себеси е можеби најважното учење во животот на човекот. Таа љубов не се осознава преку ноќ, туку се учи со тек на време и може да трае цел живот. Најмногу време во животот поминуваш сам, па подобро за тебе е да си бидеш добро друштво.

Ако си се заинтересирал барем малку за човечката психологија, сигурно веќе знаеш дека твојата енергија се пренесува и на другите луѓе. Ако им покажеш на другите дека ти се сакаш, дека си храбар и дека знаеш како да си помогнеш себеси, ќе те сакаат и тие. Уште повеќе, ќе те гледаат како човек, кој мошне добро се знае себеси, па може да претпостават колку добро ќе го сакате и другиот. Верувај дека не можеш да сакаш некого вистински, ако прво не се сакаш себеси.



Честопати луѓето треба да се соочат со тешки околности, како што се смртоносните болести, за да почнат да се сакаат себеси. Не го чекај овој момент, почни да се засакуваш уште денес. Почувствувај ја убавината во твојот живот и исполни си го само со убави моменти. Не станува збор за нарцисоидна љубов или големо его, туку за фактот дека си свесен за себе. Сам избираш дали животот ќе ти биде казна или дар. Постави ги темелите на љубовта кон себе, прифати го животот и продолжи гордо и самоуверено да чекориш кон твоите цели.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби