ПЕТОК Е ДЕН ЗА КОЛУМНА

Прегратката многу повеќе топли од дебелиот шал

Ти може да одложиш, но времето не се враќа - Бенџамин Френклин

Уште еден ден и ќе ја испратиме оваа 2016 година. Многумина би рекле дека годинава беше исполнета со безброј смртни случаи, а и јас можам да кажам дека со смрт ја започнав и со смрт ја испратив. Тоа ми служеше како аларм кој ме потсети да се замислам за времето поминато со моите најблиски, без разлика дали се работи за моето семејство или за моите пријатели.

Со оглед на работните обврски во секојдневието, опкружени сме со многу повеќе работи и честопати немаме време да седнеме и да ги видиме нашите најмили, а камо ли да разговараме како родител и дете. Среќа што има викенди кога некои од нас не работат, па успеваат да се посветат на децата, но и тогаш имаме за чистење, за готвење, време за гости... Колку време вие поминувате со вашите деца или со вашите родители? Дали сметате дека тоа време е доволно?



За вашето дете кое сте му чист пример и кое ви се радува, никогаш нема да биде доволно само една вечер или само еден ден. Затоа, тоа постојано ве убедува „Ајде мамо, уште еднаш“, „Тато, кога стрелката ќе покаже 9 часот тогаш ќе прекинеме“, „Дадо, уште јас, па ти, па јас, па ти и ќе си легнеме“.. Измислуваат најразлични изговори само и само да поминат што е можно повеќе време со вас. Ви се радуваат како паричка на Бадник, затоа што ве гледаат како Господ.

Што се однесува до вашите родители, мислите дека тие се стари, па ништо не разбираат? Не мили мои, тие се секогаш безброј чекори пред нас, поминале буквално сè што ние сме поминале и она што допрва нè чека, па баш затоа не ви досадуваат да ги посетите. Дури се и толку многу позитивни во врска со тоа, па и ве охрабруваат да не ги посетите овој викенд, а длабоко во себе се скршени што не може да ве видат и што имате толку многу стресен живот. Честопати ги користите само за да ви ги гледаат децата, без да ги прашате како се. Барем еднаш месечно посветувајте им еден ден ним, правете муабет за нив, за нивното здравје, потсетете се како било кога сте биле мали, кои ви биле вашите најдобри, а кои најлоши моменти. И тогаш, токму во тие моменти ќе ја видите нивната среќа, ќе забележите дека цело ова време само глумеле за да не ве повредат вас и зошто мислат дека „уште тие ви фалат врз сите проблеми“.



Со други зборови, ако сакате на вашите најблиски да им подарите нешто од срце, подарете им го вашето време. Џабе се сите скапи облеки, играчки на батерии, дебел шал или шешир, кога ве нема вас во поголемиот дел од времето да ги стоплете со вашата искрена прегратка. Времето не можете да го вратите, а обврските секогаш може да се испланираат и да се завршат на време. Немојте да сте од оние родители кои само ќе ги извршат основните обврски околу детето и мислат дека целата работа ја завршиле, бидејќи тоа дете копнее кон родителска љубов и игра.

Токму затоа, ви посакувам да ја имате најсреќната година во вашиот живот, да сте исполнети во срцето и во душата и задоволно да ги гледате среќните лица на вашите најсакани. Искористувајте го времето паметно и самите кројте си ја судбината. Среќата ве чека вас, посегнете по неа! Среќна нова година!



Со љубов, ваша А.

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби