ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНИ

Оди во теретана, покажи мускули, сликај се, оговарај и си завршил со „вежбање“

Празниците поминаа и време е повторно да се упатиме кон теретаната и да се фатиме за справите и теговите. Живееме во време, кога фитнесот, односно спортот стана мода, која ја следат и млади и стари. За жал, тоа не треба да е мода и да ја почитуваме затоа што е тренд, туку треба да ни е важен дел од нашиот живот. Пред сè, вежбаме ако другарите наши вежбаат, па ако треба ќе одиме од еден до друг крај на градот, само за да вежбаме сите заедно.. или да се шегуваме таму.



Најчесто се собираат неколку другари и заедно посетуваат теретана во одредено време, кога вежбаат повеќе девојки. И покрај големото его, се чувствуваат уште посамоуверени и „попаметни“ кога се во друштво со некој другар, за да може да им префрлаат на девојките за начинот на кој вежбаат, за нивните задници, па дури и за нивните гради. Ако некој навистина одделил еден час од неговото скапоцено време, зошто му го уништувате? Не се сите појдени да се исмејуваат, туку се појдени затоа што се грижат за нивното здравје и за нивното тело.

Како сите, така и јас одам да вежбам. Каде што посетувам теретана имам многу познајници од кои некои се воздржуваат да коментираат, но има и такви кои многу коментираат. Културата се сведува на 0, па многумина забораваат на тоа како треба да се однесуваат. Зборуваат на телефон со часови, „си резервираат“ справи цел час без да сфатат дека може и некој друг треба да вежба на таа справа, а ги има и оние кои што ти солат памет како правилно се вежба и дека нема потреба ти да вежбаш доколку не знаеш како. Но, ако не побарам помош или совет од тебе, зошто воопшто ми кажуваш како правилно се вежба?



Најинтересни ми се оние набилданите, со мускули, кои што мислат дека се најјаки и постојано се гледаат во огледало. Нив најдобар пријател покрај теговите е мобилниот телефон, со кој прават најмалку 5 селфи фотографии. Ако не се пофалиш на социјалните мрежи дека вежбаш, не знам ни зошто воопшто посетуваш теретана.

Пред некое време, во Америка имаше случај, кога позната манекенка во соблекувална фотографирала една пополна жена, која се пресоблекувала. Фотографијата ја објавила на социјалните мрежи и напишала дека во теретани одат ужасни луѓе, кои нема шанси да ослабат. Какво е тоа нарушување на приватноста? Ти си таму за да сликаш или да вежбаш и да си ја гледаш работата? Жената ја тужеше манекенката, која се соочи со огромна сума на пари која и ја плати на жената како оштета.



Драги вежбачи, егоисти, билдери вие сте таму за да вежбате. Не сте појдени да дофрлате коментари, да солите памет, да зборувате на телефон со часови, да џвакате мастика или да се однесувате недолично. За секое место постои бон-тон. Прочитајте го пред да се упатите кон теретана, за нештата да станат појасни. На тој начин, нема да се грижите дали некој мисли лошо за вас и зошто ве избегнуваат додека вежбате. Размислете дека теретаната ја посетувате лично за вас, а не за другите. Тоа е исто како да донираш 100 денари, кои искрено секој ги има во денешно време, и да се пофалиш со донацијата на сите социјални мрежи. Искористете го максимално времето за вежбање и станете подобра личност.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби