Авторот на бестселерот „Во окото на свеста“ гостин на „Букстар“ 2017

Организацискиот тим на Фестивалот на европската книжевност „BookStar“ со големо задоволство го најавува гостувањето на шведскиот писател Хокан Несер.

Денес, 31 октомври 2017 година, со почеток во 20 часот, во Клуб ресторанот МКЦ ќе биде промовиран неговиот роман „Во окото на свеста“, издание на „Антолог“, кој на македонски јазик го приопшти Сузана Стојановска.

Романот е првата книга од серијалот крими-трилери со ликот на Ван Ветерен, еден од најоригиналните ликови на детективи во скандинавската литература. Ќе го промовира актуелниот добитник на наградата Роман на годината на „Утрински весник“, македонскиот писател Давор Стојановски.

За фановите на скандинавските трилери Хокан Несер би требало да биде во првите пет од листата. Ван Ветерен се соочува со досега невиден случај на убиство. Едно утро Јанек Митер се буди со ужасен мамурлак и открива дека неговата прекрасна сопруга лежи во кадата со главата надолу, мртва. Со недоволно силна одбрана, тој е прогласен за виновен за дело извршено под дејство на алкохол и страст и е затворен во институција за ментално болни.

Сомнежите на инспекторот во врска со идентитетот на убиецот се променуваат кога Митер е пронајден мртов во својот кревет. Ван Ветерен под полна пареа ја започнува истрагата околу двете убиства. Наоѓа мистериозно писмо што Митер го напишал пред смртта. Писмото треба да му помогне да го открие убиецот и да ги пронајде шокантните корени на ова злодело. Минатото никогаш не престанува да ја прогонува сегашноста. Мрачна и загадочна книга, како што може да биде само квалитетен скандинавски трилер!

Брз, циничен, несентиментален, депресивен и душевен, Ван Ветерен е најпривлечниот ужасен херој и затоа ќе го обожавате.

„Од овој прекрасен роман на еден од најистакнатите шведски крими-писатели може да се напише сценарио за филм на Алфред Хичкок“, се вели во рецензијата на „Сандеј тајмс“ за книгата.

Хокан Несер (1950) е еден од најценетите шведски автори на трилер-романи. Студирал хуманистички науки. Дебитирал во 1988 година. Работел како учител до 1998 година, кога решава да продолжи исклучиво со писателската кариера. Живеел во Њујорк и во Лондон. Трипати ја има освоено наградата за најдобра шведска крими-книга. Неговите книги се преведени на повеќе од триесет јазици и се продадени во над петнаесет милиони примероци. Во август годинава на локации во Србија, Словенија, Хрватска и Белгија заврши снимањето на крими-трилогијата филмови на англиски јазик со Бен Кингсли, Бено Фурман и Тува Новотни во главните улоги, снимени по негови книги што ќе бидат објавени следната година.

Читателите ќе имаат поголема можност да го запознаат авторот одблиску и дента на 31 октомври во Книжарницата „Антолог“ на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 во 11 часот, каде што тој ќе потпишува книги и со кафе и разговори одблиску ќе ја запознае својата публика во Македонија.

На 2 ноември во 11 часот во Книжарницата „Антолог“ (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31) ќе се одржи и средба, „упанишад“, со Јуси Адлер-Олсен, на која ќе гостуваат неколку влијателни македонски блогери. Истата вечер од 20 часот во Клуб ресторанот МКЦ ќе се одржи и промоцијата на книгата „Жената во кафез“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се враќа Мујо дома од работа и ја затекнува Фата со Хасо:
- Добро бе Хасо, биваше ли ова да ми го направиш?! Па заедно во школо одевме, најдобри другари бевме, кум ми беше на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo наместа влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 50...
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби