Она што најмногу боли е помошта дадена од туѓинец, а не од својот близок

Не за џабе рекле „Она што близок може да ти го направи никој друг не може“.

Јас тоа го сфатив доцна. Дека непријателите не се она од што најмногу треба да стравувам, туку тоа се токму оние кои јадат со мене, спијат, делиме исти простории, се гледаме секој ден...



Една колешка ми раскажа низ плач приказна после која сфатив дека човечност веќе не постои.

-Сабајлево врнеше снег, во целиот тој студ ја најдов старата јакна на братучед ми и решив да ја облечам за да се заштитам од снегот што непрестајно вееше и од ладното време. Тој има повеќе јакни, па претпоставував дека оваа нема да му биде потребна. Ја грабнав, се нагрнав со нејзината топлина и излегов. Поминав низ доста снег за да стигнам на работа и повторно бев жива вода. Одеднаш ми стигна дрска порака, како сум можела да чепкам по туѓи работи и да земам тоа што ми одговара. Се почувствував како крадец. Пробав да му ја објаснам ситуацијата и да му се извинам за мојата грешка. Се понудив и да му ја вратам веднаш излегувајќи од работното време, но повторно добив дрзок одговор. Се чувствувам ужасно, раскажа таа.

Познавајќи ја, знаев дека нема многу  облека и дека има неколку капути кои не се доволно дебели за да ја заштитат од суровото време. Сфатив дека се нашла во немоќна ситуација, па од таа причина се осмелила да позајми една од неговите јакни зошто финансиската состојба и е таква што не може да си дозволи ниту одредена сума за лекови и прегледи. Го сфатив нејзиниот сјај во очите кој беше создаден од каење за постапката што ја направила. Ги сфатив нејзините солзи кои паѓаа како капак на сè она што преживеала.



Прашањето е дали некој друг сфатил? Дали разбрал колкава болка создал за материјална работа која ја поседува во неколку количини? Дали увидел дека неговата блиска роднина нема ниту една јакна со која би го заштитила своето здравје?

Додека се мислеше како да отиде и да ја врати неговата, се понудив јас да и ја позајмам мојата, но учтиво ме одби мрморејќи дека не сака да зема ништо туѓо.
Камо и роднината да го сметаше за туѓинец и да не ја позајмеше јакната.

Велат кога ќе изгубиш некој, ќе сфатиш колку требало да го цениш...Јас се надевам дека ќе научат да ја ценат неа додека се уште не ја изгубиле. Затоа што пари се прават, материјални работи се купуваат, но близок човек со искрени намери кон тебе...Ништо нема да може да го замени.

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби