Муштериите на прво место!

Знаеме дека профитот за работодавците е како Светиот грал. Нема нешто на кое не се подготвени да направат за него. За да се дојде до него се потребни голем број на муштерии, па од таа причина нели тие се на прво место. Колку позадоволни се тие, толку повеќе посетувања, профит и широка насмевка кај работодавецот.

Оу, чекај, а што е со услугата на муштериите? Кој ги услужува нив? За малку ќе заборавев. Вработените во локалот.

Без нив џабе постојат услугите. Џабе има кафемати, состојки за најсовршеното бразилско кафе да биде направено, џабе сè. Нема кој да направи, нема кој да го однесе кафето до муштеријата. Нема услуга, нема профит. Ништо од насмевките.

А што кога не му е денот на некој вработен? Кога не е задоволен од дневницата од петстотини денари за кои работи онолку колку ќе наложи неговиот „газда“? Кога ќе отиде со смуртено лице да го послужи кафето, кога безволно ќе го остави на маса и ќе се врати до шанкот да одмори потпрен на него барем минута додека не се насобрала втората рунда гужва? Ако не е задоволен има некој што ќе се задоволи за тие примања. Има некој кој ќе дојде од провинција каде максимумот на дневницата изнесува дури 300 денари, па среќен што наишол на подобро платена работа ќе прифати да работи на местото на овој што едвај крпел за крај со крај да истера месецот.



И се така во круг, генерациски. На туѓ грб работодавецот со минимум плати и некое минимално бонусче за сабота и недела колку да биде во согласност со законот и да не му се затвори локалот ќе заработува преку сиромаштијата на народот.  И не, никогаш нема да стигнат вработените да бидат на пиедесталот каде заслужуваат да се најдат за перфектно завршената работа, а камоли да бидат наградени за дуплиот профит за кој тие се „виновни“ затоа што муштериите „се“ на прво место!

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби