Француски роман што оживува парче американска историја

Неколку дена пред конечното затворање на Центарот за имиграција на островот Елис во ноември 1954 година, Џон Мичел, последниот жител на островот, пишува дневник во кој тој го раскажува својот живот на овој познат остров. Со многу емпатија и чувства овој чиновник на Федералното биро за имиграција се сеќава на Лиз, неговата сакана сопруга, и на Нела, италијанската емигрантка.

Преку неколку човечки судбини, Гаел Жос говори за судбините на милиони луѓе, кои во името на подобра иднина го оставиле највредното за нив за да пристигнат меѓу карпите на островот Елис, како пристапно место пред влезот во Ветената земја. Авторката се обидува да го отвори прашањето за нивниот престој, нивните долги и исцрпувачки патувања со брод, нивната сиромаштија, нивниот страв дека ќе бидат вратени, токму во моментот кога се толку блиску, сепак далеку од „La Merica“. Нарекуван уште и Остров на надежите и Остров на солзите, островот Елис бил познат и како затворски камп за време и по Втората светска војна, а Џон Мичел е тамошен чувар и сведок на тие ужаси.

Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија во 2015 година. „Последниот чувар на островот Елис“ е од неодамна достапен и на македонски јазик, во издание на издавачката куќа „Антолог“.

ИДИВИДИ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе додели примерок од романот „Последниот чувар на островот Елис“ од Гал Жос на еден од вас по случаен избор.

Сè што треба да направите е во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, да го тагнете оној кому би му ја подариле оваа книга доколку ја освоите, а воедно и јавно да ја споделите оваа вест. Добитникот ќе биде објавен на 30ти мај (среда), а книгата ќе може да ја подигне во Книжарницата „Антолог“ (веднаш до Гимназијата „Јосип Броз Тито“).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби