Реплика на Титаник треба да ја следи неговата оригинална рута во 2022

Повеќето од нас ја знаат трагичната приказна за Титаник, бродот кој своето прво патување го започна на 10 април 1912 (со 2224 патници и членови на екипажот), а го заврши на 15 април по ударот во ледена санта по што потона, носејќи со себе 1517 животи.



Сега, компанијата Blue Star Line, сопственост на австралискиот милионер и бивш политичар Клајв Палмер, работи на создавање на реплика на овој брод со цел во 2022 да го започне своето патување и да ја следи рутата на оригиналниот Титаник.

Плановите за Титаник 2 биле објавени уште во 2012,  а патот за 2016, но работата на проектот била суспендирана поради немање доволно ресурси и поради проблемите со кои неговата компанија Mineralogy ги имала со кинеската компанија Citic Limited.

Потоа, во 2016 било објавено дека Палмер земал 6 милиони австралиски долари од друга компанија (исто така во негова сопственост) за да го финансира Титаник 2, но тој ги отфрлил тие тврдења.

Сега, Blue Star Line објавиле дека недоразбирањата помеѓу Mineralogy и Citic биле решени и дека конструкцијата на репликата кој чини 500 милиони долари продолжува.



Титаник 2 има доволно простор за 2435 патници и 473 членови на екипажот и ќе биде опремен со адекватни чамци за спасување, сигурносни елеци и други мерки за сигурност.

Првото патување е закажано за 2022, кога треба да патува од Дубаи до Саутхемптон, од каде ќе ја започне оригиналната планирана рута на Титаник чија крајна дестинација е Њујорк.

Сè уште не се знае кога билетите ќе бидат во продажба, ниту пак колку ќе чинат.

Инаку, Палмер е љубител на холивудските блокбастери – во 2013 тој лансирал забавен парк наречен Палмерсаурус, инспириран од филмовите „Паркот Јура“, со 160 аниматроник диносауруси, но кој за брзо време бил затворен по лошите критики од посетителите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби