Calvin Klein и Tommy Hilfiger пиеја македонско вино во Њујорк

Настанот беше од хуманитарен карактер под името „Stephan Weiss Apple Awards“ и на истиот присуствуваа звучни имиња од областа на модата, забавата, политиката, филмската и музичката индустрија меѓу кои Дона Каран, Келвин Клајн, Томи Хилфигер, Кит Ричардс, Џими Нелсон, Иман, Хелена Кристенсен, Бернадет Питерс, Росана Ското, Кристи Турлингтон, итн.



Здружението Вина од Македонија (Wines of Macedonia) беше спонзор на престижниот настан, a учество земаа македонските винарии со своите премиум вина и кои имаа одлична можност да се промовираат пред џет-сет посетителите за време на коктелот и вечерата.

Минатата недела се одржаа и промоциите на Вина од Македонија со поддршка на Министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство а за чија организација беше ангажирана македонската маркетинг агенција Creative House која има своја канцеларија во Њујорк, и помогна во организација на спонзорството за овој хуманитарен настан:

-На ексклузивните вински настани за презентација на македонското вино учествуваа македонските винарии кои ги претставија своите најдобри производи пред реномирани личности од областа на винската индустрија, а дополнителна значајна улога во овие промоции претставуваше и овој хуманитарен настан. Ова беше одлична можност за нашите винарии да ги промовираат своите производи пред американскиот џет сет и придонесува во градењето на имиџот на Македонија како винска земја. – изјави Елена Младеновска Јелековиќ, извршен директор на Здружението и изрази голема благодарност до агенцијата Creative House која помогна во реализацијата на оваа дополнителна дегустација.



-Ги искористивме нашите релации во Њујорк и успеавме да обезбедиме влез на македонските вина на овој престижен настан и ни преставува особено задоволство што бевме дел од ова важно хуманитарно случување во Њујорк. - изјави Мики Павлов, сопственик на маркетинг агенцијата Creative House во Њујорк

Настанот „Stephan Weiss Apple Awards“ се одржува традиционално од 2011 година, а главната цел е да ги признае и истакне хуманитарните дела од доменот во кој работи „Urban Zen“ Фондацијата, односно здравството, образованието и културата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби