Стартап компанијата Nuro во партнерство со синџирот на пицерии Dominos тестираат автономно возило за испорака на пици и останати нарачки. Овој пилот сервис ќе започне да функционира подоцна годинава, кога флота од специјално изградени роботски автомобили ќе испорачуваат нарачки на одредени жители на Хјустон.

Од Dominos велат дека дел од муштериите кои ќе направат онлајн нарачка ќе имаат шанса да одберат испорака со роботското возило, чија локација ќе можат да ја следат со помош на Dominos апликацијата за смартфон, а кога истото ќе пристигне, со уникатен пин код ќе можат да го отклучат и да си ја подигнат нарачката.
Dominos развиваат и други технологии за да го променат и подобрат искуството при нарачување на пица – како што е на пример роботски скенер со вештачка интелигенција кој го проверува квалитетот на пиците пред истите да бидат испратени од ресторанот.


Компанијата Nuro која произведува возила за автономна испорака започнала во 2016 и е основана од два инженери кои порано работеле во Google, а минатата година таа постигнала партнерство со Kroger за испробување на испораки со автономни возила во Аризона.