Најпопуларни музеи и галерии низ светот

Посетата на музеи или уметнички галерии е често на агендата на туристите, бидејќи преку нив се добива можност да се осознае многу за историјата на земјата која се посетува, да се видат разни уметнички ремек-дела и слично.

Вкупниот број на посетители во 20 најпосетени музеи низ светот изнесува околу 108 милиони годишно.

1) Zhejiang Museum, Кина



Број на посетители во 2018-та: 4.2 милиони

Пораст во однос на 2017-та: +14.4%

Многу кинески музеи имале голем пораст на посетители во изминатата година, што особено било случај со музејот Zheijang.

2) Hermitage Museum, Русија



Број на посетители во 2018-та: 4.2 милиони

Пораст во однос на 2017-та: +1.8%

Овој музеј во Санкт Петербург, Русија, е еден од 3-те најголеми во светот (покрај Лувр и Мет), а е отворен во 1764-та.

3) Музеј за наука и технологија, Кина



Број на посетители во 2018-та: 4.4 милиони

Пораст во однос на 2017-та: +10.5%

Лоциран во близина на Олимпискиот стадион во Пекинг, ова е најпосетуваниот музеј во Кина за кој се наплаќа влез.

4) Национален природно-научен музеј , САД



Број на посетители во 2018-та: 4.8 милиони

Пораст во однос на 2017-та: -20%

До 1992-ра, овој музеј во Вашингтон бил познат како Британски природно-научен музеј. Тој е дом на 185 откритија на разни истражувачи, најголем од овој вид во светот.

5) Национален природно-научен музеј, Обединето Кралство



Број на посетители во 2018-та: 5.2 милиони

Пораст во однос на 2017-та: +9.7%

Овој музеј во Лондон е најпосетуваниот од овој вид на светот, и е дом на разни примероци собрани од Чарлс Дарвин.

6) Британски музеј, Обединето Кралство



Број на посетители во 2018-та: 5.8 милиони

Пораст во однос на 2017-та: +3.8%

Отворен во 1753-та, овој музеј во Лондон е најпосетуваниот во Обединетото Кралство, и е дом на Каменот од Розета и на делови од храмот Партенон од Атина, кои грчката држава неуспешно се обидува да си ги врати со години.

7) Национален воздухопловен музеј, САД



Број на посетители во 2018-та: 4.8 милиони

Пораст во однос на 2017-та: -20%

Овој музеј во Вашингтон има бесплатен влез, а е дом на некои од најважните предмети од историјата на авијацијата, вклучувајќи го и авионот со кој Чарлс Линдберг го прелетал Атлантикот, како и контролниот модул на Аполо 11.

8) Музејот на Ватикан, Ватикан



Број на посетители во 2018-та: 6.7 милиони

Пораст во однос на 2017-та: +5.1%

Дел од овој музеј е Сикстинската Капела, која е најчестата причина што тој е толку посетен.

9) Метрополитен музеј на уметностите (МЕТ), САД



Број на посетители во 2018-та: 7.36 милиони

Пораст во однос на 2017-та: +5.1%

МЕТ во Њујорк е најголемиот музеј во САД, каде секоја година се одржува познатата „Мет гала“, од која минатогодишната беше најпосетена изложба во историјата. Наречена „Небески тела: модата и католичката имагинација“, таа го истражувала влијанието на Католичката црква врз модниот дизајн“, а била посетена од 1.7 милиони посетители.

10) Лувр, Франција



Број на посетители во 2018-та: 10.2 милиони

Пораст во однос на 2017-та: +25.9%

Лувр во Париз имал рекордна година во 2018-та, со над 10 милиони посетители, што најверојатно се должи на изложбата на делата на Јуџин Делакроа, нов онлајн систем за букирање, како и на видео спотот на Бијонсе и Џеј Зи сниман во него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби