„Летачкиот човек“ си вгради оружје до главата

Британскиот пронаоѓач, „летачкиот човек“ Ричард Браунинг во 2017-та година, преку својата компанија Гравити.ко го претстави костим-леталото „Џет-пек“ инспирирано од супер херојот Ironman. Сега, со помош на YouTube -ѕвездата Џејмс Бретон го опреми својот „костим” и со автоматско оружје што се управува со движење на главата.



Поради безбедносни причини, за изработката на прототипот не е користена вистинска пушка, туку вештачка, со пластични сачми. Без оглед на тоа, на конструкторите им било важно да докажат дека леталото може да се користи и како воено оружје.

Браунинг, со својот пронајдок пред две години постави и Гинисов рекорд летајќи со брзина од 51,53 километри на час. Но, притоа целиот погонски систем е сместен на рацете на пилотот.



Поради управувањето, пак, рацете не може да се користат за други функции, како на пример, снимање и пукање со оружје. Се чини и тој проблем е решен. Имено, Бретон во кацигата вградил сензор што забележува во која насока гледа пилотот и препознавајќи ги движењата на човекот, да командува со системот за управување со оружјето.

Следно што треба да се осмисли е заштитна преграда меѓу оружјето и увото, доволно силна да спречи оштетување на слухот поради рафалите на автоматската пушка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби