„Одговорен татко“ - платформа за зголемување на свесноста кај татковците за развојот на нивните деца

Група млади татковци започнаа иницијатива за зголемување на свесноста кај татковците за нивната улога во развојот на детето.

Отворија фан страна на социјалната мрежа „Facebook“ наречена „Одговорен татко“ како интернет платформа која има за цел да ја зголеми свесноста за поимот „Одговорно татковство".

Фан страна ќе претставува место каде секојдневно ќе се споделуваат едукативни содржини, реални ситуации со кои се соочуваат татковците, проблеми, решенија, совети од стручни лица но главен акцент ќе биде ставен на размената на искуствата на татковците во 21 век и нивната улога кога се децата во прашање.

Од тимот на иницијативата повикуваат: „Татковци, ајде да направиме социјална револуција и да покажеме на сите колку сме и ние посветени во растот и развојот на нашите деца“.

Посебно внимание посветуваат на глобализациските трендови и родовата еднаквост, која во ова комплицирано општество и борба за егзистенција изискува потреба од еднаква поделба на обврските дома, надвор од дома, на работа итн. Иницијативата има за крајна цел да докаже дека во нашата држава „татко“ станува една одговорна улога која по добивањето на детето му дава поинаква смисла на животот на сите чинители на едно среќно и задоволно семејство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби