Tоксична пена ja прекри една од најпознатите плажи во Индија

Бела пена ja прекри една од најпознатите плажи во Индија, четврти ден по ред создавајќи нова опасност од загадување, јавија западни медиуми.

Деца си играат и прават селфи со пената на плажата Марина и покрај тоа што таа има остра миризба и на рибарите им е кажано да не влегуваат во морето во близина на неа. Лекарите предупредуваат дека пената може да предизвика проблеми со кожата.

Според локални медиуми, таа се формира секоја сезона на монсуните, но оваа година е посебно опасна.

Советот за контрола на загадувањето во државата Тамил Наду соопшти дека се анализираат примероци од пената што е распространета неколку километри на плажата.

Дел од научниците тврдат дека најголем дел од пената е од средства за миење садови што се мешаат со други отпадоци. Само 40 отсто од канализацијата во Ченај и други големи градови има правилно пречистување.

– Останатото се влива во морето, вели научникот Правакар Мишра.

Пред два дена доброволци имаа акција за чистење на плажата во Ченај. За два часа собраа речиси еден тон пластика и други отпадоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби