Со школски прибор до влез на хуманитарниот настан „Од децата за децата“

На 7. декември, сабота, во 12.00 часот во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи 7. хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата“ организиран од „Македонски вознес“ со Виолета Ачкоска и Виолета Сековска.



Ова е еден прекрасен хуманитарен фестивал чија влезница се плаќа со прибор за училиште. Истите ќе бидат за учениците од училиштата ПОУ „Д-р. Златан Сремец“ - Скопје и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“. Присутните ги очекува одлична атмосфера и многу другарување со децата од цела Македонија кои ќе бидат таму со своите родители и ментори.

Децата со попреченост во развојот и нивните родители секојдневно се соочуваат со потешкотии и предизвици кои можат да ги надминат верувајќи дека постојат луѓе во Македонија кои ги сакаат и можат да ги поддржат. Малите чекори им даваат инспирација и мотивација дека постои добрина во нашето општество.

Организаторите порачуваат до сите што ќе дојдат на фестивалот дека не само што ќе си поминат убаво, туку и ќе помогнат во нивната цел за инклузија на децата со попреченост во развојот во нивните општествени активности како стекнување пријателства со врсниците, активно вклучување во заедницата.

Со тоа што ќе дојдете на овој хуманитарен фестивал создавате повик за еднакви права, можности, прифаќање и соживот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби