За реновирање на катедралата Нотр Дам ќе бидат одбрани 1.000 дабови

Шумарите од цела Франција се организираа да подарат 1.000 дабови за обновата на катедралата Нотр Дам во Париз, којашто беше значително оштетена во пожарот на 15 април 2019 година. Како што објави денеска „Дојче веле“, планирано е 500 дабови да се дадат од државните шуми, а 500 од приватни имоти.



– Тие ќе минат векови во катедралата. Одлично е. Ние им даваме втор живот на нашите дрвја. На некој начин тоа е и почит кон сите оние шумари кои се грижат за нив, изјави Клер Кинон, претставник на шумското стопанство.

Во извештајот се вели дека „веројатно најубавиот даб во Франција расте во шумата Берса во долината на реката Лоара“. Од таа шума ќе бидат избрани осум даба, кои ќе бидат избрани со помош на беспилотни летала и 3-Д симулација.

Според шумарите, дабот е поприлично скап – кубен метар чини и до 1.000 евра. Од тоа дрво, во пиланата ќе се исечат греди со димензии 40 х 36 сантиметри, долги 17 метри. Дрвото ќе се користи за обновување на сводот во Нотр Дам.

Катедралата Нотр Дам, средновековна скапоцена готска архитектура во срцето на Париз, покрај реката Сена, на 15 април 2019 година ја зафати огромен пожар. Тој беше изгасен по неколку часа, но направи голема материјална штета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби