Германија: Пензионер на суд поради тенк во куќата

Адвокати во Германија расправаат за тоа како да се справат со еден пензионер кој во својот подрум чувал тенк, противавионска пушка и торпедо од Втората светска војна.



Оклопното возило „Пантер“ беше отстрането од подрумот на куќата на сега веќе 84-годишниот маж во северна Германија, во градот Хајкендоф, уште во 2015 година. Но, обвинителите и бранителите сега преговараат за можната казна, која се движи од условна и парична, до 500.000 евра казна.

Според адвокатот на обвинетиот, Американскиот музеј е заинтересиран за купување на „Пантерот“. Многу историчари тврдат дека тоа било најефикасното воено возило што го користела Германија во Втората светска војна.

Адвокатот исто така рече дека голем број германски колекционери контактирале со обвинетиот поради други предмети, вклучително и пушки и пиштоли.

На судското рочиште во понеделникот во градот Кил, адвокатите се обидоа да утврдат дали воената колекција го крши германскиот закон за контрола на оружјето. Одбраната тврди дека многу оружја веќе не се функционални и дека „Пантерот“ е купен како отпад и размислува да прифати казна помала од 50.000 евра.

Во јули 2015 година, околу 20 војници го извлекуваа „Пантерот“ од имотот девет часа и го туркаа на ниско-преносен натоварувач.

Тамошните власти ја пријавиле содржината во подрумот, на колегите во Берлин, кои претходно извршиле претрес во домот за уметнички дела украдени од нацистите, па судската постапка отпочнала. Следното рочиште е закажано за утре, а пресудата се очекува следниот месец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби