Слика на Бенкси се очекува да се продаде за неколку милиони фунти

Делумно оштетено платно со едно од најпознатите дела на британскиот „скриен уметник“ Бенкси, се очекува денеска на аукција да се продаде за милиони.



Делото – сега наречено „Љубовта е вo ѓубре“, ќе биде понудено во аукциската куќа „Сотби“ во Лондон.

Проценетата продажна цена на сликата, порано нарекувана и „Девојчето со балон“, е четири – шест милиони британски фунти.

Првото платно се продаде за речиси 1,1 милиона фунти на истото место во октомври 2018 година. И делумно искинатото платно прикажува мало дете кое се протега кон црвениот балон во облик на срце. Оригиналот, што првпат се појави на ѕид во Источен Лондон, повеќепати се копираше на платно, интернет, а и во реклами на познати светски брендови. Британскиот печат го нарече едно од најзначајните уметнички дела од почетокот на 21 век.

Алекс Бранчик, претседател на одделот за современа уметност во „Сотби“, смета дека трикот на Бенкси е во тоа што „не го уништил уметничкото дело со тоа што го скинал, туку го создал такво“, овојпат.

Во меѓувреме, во март, делото во чест на негувателите на болни од коронавирус донесе на аукција рекордни 14,4 милиони фунти, коишто ѝ беа донирани на државната Национална здравствена служба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби