Телефонските говорници во Њујорк заминуваат во историјата

Означувајќи го крајот на една ера, властите на Њујорк неделава ги отстранија речиси сите телефонски говорници во градот, коишто станаа „технолошки жртви“ на сеприсутноста на бесплатен интернет и паметни телефони последниве години.

Покрај практичната намена, телефонските говорници со десетлетија се појавуваа и во поп-културата – од стрипови до холивудски блокбастери и ТВ-серии. Но, обожавателите на Супермен, ќе се утешат со фактот дека њујоршката општина Менхетн ќе задржи четири говорници. Познатите „пресоблекувалници“ на стрип-јунакот Кларк Кент – „Човек од челик“, ќе бидат зачувани како потсетници на не така далечното минато.

Градоначалникот на Менхетн, Марк Левин во коментар на Твитер нагласи дека сѐ уште чувствува носталгија, при отстранувањето на говорниците.

-Тоа е навистина крај на една ера. Последните три телефонски говорници на плоштадот Тајмс сквер се отстранети. Нема веќе „ловење“ парички по вашите џебови, напиша Левин на Твитер.

-Но, се надеваме – ова е и почеток на нова ера, со поголема правичност во пристапот до технологијата, додава подолу Левин, имајќи предвид на населбите во северен Менхетн, како што е Харлем, коишто се помалку покриени со телефонски и интернет-мрежи.

До денес, 8.400 говорници се постепено отстранети во различни делови на Њујорк. Во 2015 година, Менхетн почна да поставува илјадници пристапни точки на „Линк-НЈС“, нудејќи WiFi интернет и бесплатни локални повици. Овие нови киосци постепено ќе се поврзуваат со 5G мрежата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби