Пивото на Октоберфест поскапува за над 15 отсто

И пивото поскапува поради инфлацијата, што во Германија не било случај со деселетија. Па така, литарска кригла пиво на Октоберфест ќе чини меѓу 12,60 и 13,80 евра, соопшти локалната власт на Минхен.



Цените ќе бидат во просек за 15,77 отсто повисоки од претходниот Октоберфест, од 2019 година. Тогаш криглата чинеше меѓу 10,8 и 11,8 евра. Фестивалот не се одржуваше последниве две години поради пандемијата. Подобро ќе поминат посетителите кои ќе се одлучат за вода, којашто во просек ќе чини 9,67 евра за литар. Но и тоа е за 80 евроценти повеќе од 2019 година.

Градот Минхен посочува дека не одлучува за цените на пијалаците. Како организатори, оттаму само ги споредуваат цените што ги одредуваат угостителите со редовните цени на подрачјето на градот кои сега се од 6,70 до 11,20 евра за литар.

– Добро е што цените на пивото не надминаа 14 евра. Но, тие сѐ уште се доста високи. Во иднина, ќе мора да се погрижиме Октоберфест да остане подостапен, изјави директорот на Октоберфест, Клеменс Баумгертнер.

Инфлацијата, повисоките трошоци за работна сила и енергијата се главните причини за тоа што забавата на Октоберфест ќе поскапи, според домаќините.

Дополнително, повисоки ќе бидат и трошоците за поставување шатори, според Петер Инселкамер, претставник на угостителите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби