Необична италијанска љубовна приказна со двојно-среќен крај

Двојка од Италија се венчала во необични околности, а приказната која почнала како „последната желба на младоженецот“ се претворила во онаква со најубав крај.



Маурицио (47) од Торино бил згрижен во болница во јуни откако доживеал срцев удар. И покрај напорите на лекарите, неговата клиничка слика за жал не ветувала многу… Неговата состојба се влошувала, предизвикувајќи низа други компликации кои доведоа до потреба од пресадување на срце. Мажот потоа е ставен на списокот за итна трансплантација, па одржуван во живот со машини кои ја движат крвта низ неговото тело. Прифаќајќи дека умира, Италијанецот имал само една желба – да се ожени со Силвија, неговата девојка и мајка на нивната двомесечна ќерка.

Венчавката која почнала како „последната желба на Маурицио“ се одржала во кардиохируршкото одделение каде што тој лежел. Силвија наместо цвеќе држела „букет“ од тубите за крв, а собата била украсена и со неколку балони, како и фотографија од нивната ќерка.

Иако мислеле дека ова е еден од ретките последни мигови коишто парот ќе ги мине заедно, само 12 часа по венчавката – Центарот за трансплантација објавил дека нашле соодветно срце за Маурицио. Тоа пристигнал во Торино со специјален авион, а потоа лекарите извршиле успешна седумчасовна операција.

– Прекрасни вести со двојно-среќен крај!, рече Џовани ла Вале, одговорен за здравството на Градот Торино, честитајќи му на тимот за трансплантацијата.

– Но, уште повеќе честитки за овој човек и двојката чиј живот повторно се роди. Нека ова семејството биде почеток на нов среќен заеднички живот, заклучи тој.

Маурицио денес се чувствува добро и ужива во својот „втор живот“ и времето со семејството. А, неговата приказна е доказ дека, понекогаш, чудата навистина се случуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби