Рудари во Ангола ископале редок чист розов дијамант за којшто се верува дека е најголемиот пронајден последниве 300 години, објави австралискиот оператор на рудникот „Луло“.

Розовиот дијамант од 170 карати, наречен „Lulo Rose“, е откриен во североисточниот дел на земјата и е еден од најголемите розови дијаманти некогаш пронајдени, соопшти компанијата „Lucapa Diamond Company”.
- Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант ископан во Луло продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена, истакна министерот за минерални ресурси, нафта и гас на Ангола, Дијамантино Азеведо.
Дијамантот ќе оди на меѓународна аукција. Цената сѐ уште не е соопштена.